Како ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје со најголем број студенти и вработени во високото образование и како здравствен работник сериозно сум загрижен за односот на надлежните авторитети кон високото образование во врска со имунизација на вработените заради претстојната испитна сесија и високообразовниот процес воопшто. Имено, пред извесно време Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје се обрати до надлежните со образложени причини за потребата од имунизација за вработените на Универзитетот. До сега немаме добиено никаков одговор, а овие денови се вакцинираа вработените на Универзитетот “Гоце Делчев“ во Штип, пишува ректорот Јанкуловски во реакцијата испратена до медиумите
Пет недели по примањето на првата доза на вакцина против Ковид-19, заразувањето со коронавирус е намалено за 80 проценти, приемот во болница е намален за 90 проценти, а смртните случаи се намалени за 95 проценти, покажува студија спроведена од научници од италијанскиот Национален институт за здравје на примерок од 13,7 милиони вакцинирани лица.
“Со загриженост ги следиме случувањата во Израел и појасот Газа. Животите на луѓето се бесценети и затоа насилството треба да запре. Не смее да има толеранција за антисемитистички напади. Не смее да има толеранција за напади врз цивили на која било страна. Дијалогот е решение.” – напиша на својот твитер профил премиерот Зоран Заев.
Во ракетен напад на израелските воени авиони под урнатините на една трикатна куќа во Газа загина десетчлена фамилија од кои осуммина биле деца. Меѓу загинатите не е Христијан Мицковски, затоа што таа неверојатна политичка шупелка во тоа време во Скопје даваше изјава со која застана на страната на Израел („има право да се брани“) во судирот со „терористичката организација Хамас“. Се разбира дека Израел има право да се брани, како што и Палестинците имаат право да се бранат и да се борат „за својте правдини“.
Џенифер Анистон, Дејвид Швимер, Кортни Кокс, Метју Пери, Лиса Кудроу и Мет Лебланк снимија специјална епизода во која ќе бидат себеси и нема да ги глумат популарните ликови. Шоуто е снимано без претходно напишано сценарио.