пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Во ракетен напад на израелските воени авиони под урнатините на една трикатна куќа во Газа загина десетчлена фамилија од кои осуммина биле деца. Меѓу загинатите не е Христијан Мицковски, затоа што таа неверојатна политичка шупелка во тоа време во Скопје даваше изјава со која застана на страната на Израел („има право да се брани“) во судирот со „терористичката организација Хамас“. Се разбира дека Израел има право да се брани, како што и Палестинците имаат право да се бранат и да се борат „за својте правдини“. Таа црно-бела, бинарна матрица во која функционираат само две бои и само доброто и лошото, без нијанси и сложености, од македонската пракса на вмро во која тие се добрите, а сите други се непријатели и предавници, лидерот ја проектира на Блискиот исток и вели Израел е доброто момче, Палестинците се бед гај. Тоа не е само затоа што така му се чини, туку и затоа што во епскиот судир се вклучува со знаења кои се помали од тие на Александар Македонски за струјата или на Гоце Делчев за ајфонот со полнење на коњски курац. Неговата интервенција е интервенција на припрост балкански провинцијалец кој од Блискиот исток се разбира милион пати помалку отколку Тричковски од роботите на Марс. Но и покрај тие предзнаења за чудовиштето, навистина е чудовишно кога во црно-белиот свет на нашиот претенциозо, осумте деца се само точки во рамките на правото на одбрана.
Мувски исероци на неговиот џам.
Во меѓувреме високи дипломати на САД и на Египет интензивно работат на прекин на непријателствата и на воспоставување траен и одржлив мир. Што не би било можно ако некој им го подметне и Жмицко во екипите.
Пред некој ден, во рок од половина час на релативно мал простор во Газа беа истурени 450 бомби, односно околу 80 тони експлозив.
Скопје 2014, најграндиозната глупост во историјата на светското градителство, би отишол у курац со десетина такви проектили. После поддршката што ја даде, можеби ќе може да измоли некое ракетче да падне врз Ацета или врз ТриумФекалната порта. Или врз неговата Штабквартира.
Хахаха!
Еве што пишува Гидеон Леви во Хаарец од 13.05.2021:
Бидејќи тој не знае, сигурен сум, кој е Гидеон Леви и кој и што е Хаарец, јас ќе му кажам ако уплати милион евра на моја сметка и со уплатницата дојде во „Корзо“.
„Секој нов круг насилство има свои поборници, кои како глувци излегуваат од дупките, ги симнуваат маските на политичката коректност и го покажуваат своето вистинско лице. Тие сакаат да видат крв. Арапска крв. Што повеќе, толку подобро. Важно е да тече арапска крв. Станбените згради во Газа паѓаат како кули од карти. Тие ги сакаат тие урнатини, теророт и разорувањето. Десетина убиени првиот ден, половина од тоа жени и деца, а тие не ни трепнаа. Тие сакаат уште. Додека реките крв не ги поплават улиците во Газа, ако е можно и мирољубивиот Лорд (израелски град со значаен удел на арапско население), тие нема да сопрат. Додека Палестинците не бидат на колена, додека не се поклонат до земја пред Израел и безусловно за секогаш му се предадат, тие нема да бидат задоволни. Тие веќе предолго ја сакаат таа невозможна победа и никогаш нема да ја добијат.“
Австрија, Чешка и Словенија ги развиорија знамињата на Израел во знак на солидарност со еврејската држава во судирот со „терористичката организација Хамас“. Не сум поминал крај штабквартирта на македонското зло за да видам дали израелското знаме е поставено и на таа зградурина, но знам дека претседателот на вмро-дпмне Мицковски изјави дека „го издвојува правото на Израел за заштита и одбрана на своето население и територија од нападите на терористичката организација Хамас“.
Никој не му забранува на Мицковски да расправа и за Газа, за Хамас, за Израел, како што тука дома расправаше за короната, за Клиничкиот центар или за „кловнот на Заев“, но, не од позиција на една организација од чии терористички дејствија Македонија страда цели 30 години, и не без да си ги избрише мрсулите, а во главата да стави троа знаење и чувство за комплицирани ситуации, за сложености, за испреплетености за какви нашиот спор со Бугарија е пичкин дим. Човек од неговиот ранг пред да каже нешто на вакви теми секогаш треба да се праша: а да не испаднам будала? Како што и Македонија треба да се праша да не е веќе будала кога човекот и излегува од фрижидерите, телевизорите, веце школките и од каде ли сè не. Неговата изјава е обид за промена на македонската надворешнополитичка позиција и навестување какви драми ја чекаат Македонија ако шпиценот, еден ден макар и по сто години, дојде на кормилото на нашиот брод.
Текстот е личен став на авторот. Сите права се задржани.