ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

ФИТР објави повик за воспоставување на лаборатории за млади, обезбедени девет милиони денари

May 17, 2021 11:56
in TECH FRONT, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Фондот за иновации и технолошки развој објави јавен повик за воспоставување на две лабoратории за производство „Младите создаваат“ каде младите на возраст од 15 до 29 години ќе добијат бесплатен пристап, менторска поддршка, просторни и технички услови да конструираат прототип и да тестираат некое свое иновативно решение.

За оваа цел се обезбедeни девет милиони денари. ФИТР обезбедува до 90 проценти од кофинансирањето, во максимален износ од 4,5 милиони денари, додека останатите десет проценти треба да ги обезбеди апликантот.

Директор на Фонд за иновации и технолошки развој, Коста Петров, рече дека лабораториите ќе бидат лоцирани во високообразовните институции и научно-истражувачите центри и ќе претставуваат простор за соработка меѓу академијата, индустријата и граѓанските здруженија.

– Лабораториите воспоставени преку овој повик на средношколците, студентите и младите ќе им овозможи пристап до современи технологии како 3Д принтери и ласерски машини со кои ќе може да ги материјализираат своите иновативни идеи, нагласи Петров.

Лабораториите со почетокот на новата учебна година ќе бидат искористени како пилот, врз основа на чие искуство ќе биде воспоставен механизам за воспоставување и поддршка на ваков тип лаборатории и обезбедување нивна одржливост.

Раководителот на Сектор за програми во областа на образование, истражување, развој и иновации Катерина Кречева, рече дека со средствата од повикот ќе се финансираат активности за воспоставување, односно опремување на лабораториите, како и за спроведување на менторските програми, наменети за младите, додека како натпреварувачи може да се јават јавните високообразовни институции и здруженијата на граѓани кои работат во областа на млади, истражувања, развој и иновации.

–  Лабораторијата ќе треба да има ласерска машина за сечење во 2Д и 3Д, 3Д печатар, ЦНЦ машина со висока точност на обработка, машина со рутер за обработка на дрво. Оваа листа со опрема ќе може да биде прилагодена согласно програмата предложена од натпреварувачите, изјави Кречева.

Изборот на проектите ќе биде во три фази – оценување и проверка на документација, потоа оцена на предлог проектите и потоа избор на најдобрите преку презентација на претселектираните предлог проекти пред Комисија за оценување и избор.

Рокот за аплицирање е до 20 јули 2021 година, а начинот и сите услови за аплицирање на повикот се објавени на веб страницата на ФИТР.

извор: МИА

Next Post

Каевски: ВМРО-ДПМНЕ кочи закони во здравството одбраната и образованието (ВИДЕО)

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk