Пред точно шест години, на 17 мај 2015 година во Скопје се одржа најголемиот граѓански протест против режимот на Никола Груевски. Според проценките на странските медиуми, на протестот излегоа меѓу 70 и 100 илјади граѓанки и граѓани. Со слоганот #Доаѓаме! граѓаните најавија жестока борба за слобода и демократија, а единствениот начин за ослободување на државата од режимот беше тој да падне.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија на покана на компанијата „М6 Аграр“ и Винарската визба „Тиквеш“, денеска присуствуваше на промоцијата на новата инвестиција на овие компании кои се дел од Групацијата М6. Тој посочи дека инвестицијата на „М6 Аграр“ и „Тиквеш“ во нови лозови насади на 120 хектари создава услови и за производство на квалитетни македонски вина за освојување на светските пазари.
Денеска е Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата. Убав ден да застанеме во заштита и да им оддадеме почит на сите што ги бранат и промовираат правата на припадниците на ЛГБТИ заедницата, напиша Премиерот на Фејсбук. Да порачаме дека во борбата за еднакви можности, без оглед на сексуалната ориентација или родовиот идентитет, секој може да го даде својот придонес.
Во претстојниот период, нашиот фокус е на подготовка на нов Закон за потекло на имот, како и подготовка на нов Кривичен законик. Најзначајно, Северна Македонија работи на воведување на концептот на дигитална судница, а во наредниот период ќе дигитализираме околу 200 судници во државата, истакна министерот за правда, Бојан Маричиќ/
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијн Мицкоски, вчера го следел Конгресот на СДСМ и како што јавуваат изворите на АХА од белата палата на вмровците, не бил задоволен од тоа како се одвивале работите на Конгресот и од изборот на новите партиски функционери на социјалдемократите, ќе барал прегласување, пишува РИБАРО.
М. Миткоска