пишува: РИБАРО
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијн Мицкоски, вчера го следел Конгресот на СДСМ и како што јавуваат изворите на АХА од белата палата на вмровците, не бил задоволен од тоа како се одвивале работите на Конгресот и од изборот на новите партиски функционери на социјалдемократите.
Кон несогласувањата му се приклучиле некои видни дпмнејци, но и благонадежни неутро-вмровчиња, платени врескачи од социјалните мрежи.
Мицкоски бил спремен преку петиција да се обиде да закаже нов Конгрес на СДСМ, за што имал консултации и со курајберите врескачи, но копјата се кршеле околу форматот на петицијата – дали тоа да биде хардкор со потписи, или онлајн петиција за нов Конгрес на СДСМ, во организација на ВМРО-ДПМНЕ. Изворите на АХА, јавуваат дека на ваквата одлука на Мицко, му претходел негов телефонски разговор со бегалецот во Будимпешта
Неколкумина вмровци дискретно го замолиле Мицко, да не се впушта во уште една авантура и да не се закопува уште повеќе, но овој, како што јавуваат нашите извори, останал глув на добронамерните сугестии.
Од СДСМ, за АХА, засега без коментар за намерите од Мицкоски.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK