ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: 17 мај 2015 година беше пресвртница за изградбата на нашиот заеднички концепт „Едно општество за сите“

May 17, 2021 16:59
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МОЗАИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешен ден пред 6 години, на 17 мај 2015 година, се развеаја знамињата на сите наши заедници на масовниот и гласен граѓански протест „Граѓаните за Македонија“ на кој над 70 граѓански организации и десетици илјади граѓанки и граѓани се обединија за да си ги вратат државата и општеството од оние што ги имаа заробено, пишува премиерот Зоран Заев во објава на Фејсбук.

Тој нагласува дека овој голем протест, на кој денеска гордо се сеќаваме, го означи почетокот на процесот со кој се обедини и се солидаризираше најразновидното мнозинство од граѓанскиот и политичкиот спектар за да се врати демократијата и владеењето на правото и правдата.

„Широката граѓанска коалиција едногласно повика дека мора да се обезбедат услови, поттик и поддршка за активни, гласни и критички граѓани и низ парламентарните и институционалните процеси да ги вратиме обележјата на нашето општество како држава која ги негува и применува највисоките европски вредности на слободните и демократски заедници.

Затоа денеска со право можеме да кажеме дека остварувањето на овие вредности ни ја врати земјата во друштвото на најпрогресивните народи, ни го донесе членството во НАТО и чиста препорака за пристапување во членство во ЕУ.

Денеска, Владата на Република Северна Македонија со право вели дека застана зад принципот на еднакви можности за секоја индивидуа во нашето општество. Застана зад принципите на социјална правда и активна заштита и грижа за човековите права на сите индивидуи, а особено на оние кои им припаѓаат на малцинските и маргинализираните групи, а 17 мај 2015 година беше пресвртница за изградбата на нашиот заеднички концепт „Едно општество за сите“.

„Едно општество за сите“ беше барање искажано на овој ден, а денеска е официјална политика на државата. Активизмот ја дефинираше политиката со која сака да живее и во која сака да го развива општеството.

Создадовме амбиент за слобода на изразување како темелници за новата демократска реалност и за просперитет на нашата земја.

Затоа денеска со гордост и почит се сеќаваме на 17 мај 2015 година.

Честитки, граѓанки и граѓани! Да продолжиме да сме активни, гласни и критички настроени. Да си ги чуваме демократијата и слободата, и да чекориме кон иднината горди на нашите заеднички постигнувања!“, напиша во фејсбук-објавата Зоран Заев.

 

Next Post

Заев: Не би требало да има измени во извршната власт

НАЈНОВО

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk