ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бесими: Се изнаоѓа најдобар модел за Фонд за перформанси и Фонд за воедначување со цел подобрување на фискалниот капацитет на општините

May 18, 2021 17:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фатмир Бесими. Фото: МИА

Фатмир Бесими. Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter
Министерството за финансии работи на изнаоѓање најдобар модел за формирање Фонд за перформанси и Фонд за воедначување чија цел е подобрување на фискалниот капацитет и зголемување на приходите на општините. Планирано е општините коишто покажуваат позитивни резултати и имаат повисока реализација на сопствените приходи да добијат средства од Фондот за перформанси, а од Фондот за воедначување да се обезбедат средства за општините коишто имаат пониски приходи, но истите треба да покажат фискален напор и добри резултати во прибирањето на сопствените приходи , истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими, на настан по повод започнување на проектот на УСАИД за „Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите“.

На настанот, како што соопшти Министерството за финансии, се обратија и амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнз, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, градоначалникот на Велес и претседател на комисијата за финансирање при ЗЕЛС, Ацe Коцевски и директорката на проектот, Гинка Капитанова.

Министерството за финансии заедно со Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), во моментов  работи на  активности и мерки од утврдените приоритети со реформата за понатамошно унапредување на фискалната децентрализација.

-Со цел унапредување на фискалната децентрализација, предвидени се повеќе активности и мерки што се групирани во три столба – Подобрување на фискалниот капацитет и зголемување на приходите на општините, Зголемување на фискалната дисциплина и зголемување на транспарентоста и отчетноста во нивната работа, истакна Бесими и нагласи дека крајната цел на овој процес се постигнување повисок квалитет на јавните услуги, повисок степен на економски развој и подобрување на животниот стандард.

Министерот информира дека во текот на овој месец и во текот на месец јуни ќе започне процесот на јавни консултации и расправа со ЗЕЛС и останатите засегнати страни околу предлозите за реформата, а во координација со Работната група за продолжување на процесот на децентрализација формирана од страна на Владата во којашто учествуваат министерствата за политички систем, за финансии, за локална самоуправа и ЗЕЛС.
-Еден од владините приоритети е продолжување на процесот на децентрализација, во насока на поголема демократизација, подобри (поквалитетни и поразгранети) јавни услуги и засилен локален развој во интерес на граѓаните. Во наредниот период ќе се продолжи со политиките за развој на општините, односно фискална децентрализација и рамномерен регионален развој, со цел зајакнување на финансиските извори на општините, но воедно, и зголемување на одговорноста и транспарентноста на нивното работење, за општини поблиски до граѓаните“, нагласи министерот.
извор: МИА
Next Post

Заев: Фондацијата Отворено општество одбележува 30 години постоење и работа на Балканот

Shortcut

Најново

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk