Министерството за надворешни работи прогласи дипломат на руската Амбасада во Северна Македонија за непожелна личност. Случајот е документиран, не е импровизација, вели Претседателот Пендаровски. Претседателот истакна дека рокот од седум дена за дипломатот да ја напушти земјата му бил даден од човечки аспект.
Во слобода и во услови на слободни медиуми не е многу атрактивно и интересно да фалиш партија на власт, особено кога има кадровски конгрес и тоа е вообичаено. Секогаш, сите сакаме да мериме што можело подобро да биде, но тоа не треба да биде фокусот на загриженост или интерес на СДСМ. Лојалноста во тимот не се мери колку пати ќе климнете, туку колку пати ќе говорите и позитивно и негативно, вели Шекеринска.
Веќе е подготвен огласот за ваучерите за домашен туризам од страна на Министерството за економија и во текот на неделава ќе биде објавен, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Претседателот на државата, Стево Пендаровски денеска ја прими првата доза од вакцината против Ковид 19 во вакциналниот пункт во училишната спортска сала „Перо Наков“ во Куманово. Претседателот се вакцинираше со вакцината на „Фајзер“ која е достапна за кумановци во овој вакцинален пункт.
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 376.987 граѓани. Вчера биле аплицирани 9.721 вакцини.
Невладината организација „Репортери без граници“ (РСФ) од денес ја почнува „Иницијативата за новинарска доверба“ (JTI). Тоа е платформа што има за цел да се бори против дезинформациите преку промовирање на медиуми што се сметаат за „сигурни“, по ригорозен процес на верификација. Конкретно, Здружението за одбрана на слободата на печатот на Интернет стави дигитална апликација преку која медиумите можат да аплицираат за да ја добијат ознаката JTI, на крајот од процесот во три етапи.
М. Миткоска