Владата на Република Северна Македонија на денешната 71-ва седница дискутираше и ја оцени како вонредна и итна информацијата објавена во јавноста од страна на Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ за постоење сомневања дека во одреден период во земјата биле увезувани токсични нафтени деривати опасни по здравјето и животната средина, кои при увоз влегувале како мазут и како што објави ИРЛ се користеле како гориво за греење во повеќе државни институции, но и како гориво во приватни компании во земјава.
Владата денеска на седница на предлог на Комисија за именување ја именуваше Анета Симеска Димоска за в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат, орган во состав на Министерството за економија.
Демант на МВР: Најостро ги демантираме објавите на некои портали за наводен упад на МВР во една од скопските телевизии
Активните мерки за ограничување на движењето продолжуваат да важат до 1 јуни 2021 година.