ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Милевски во Косово: Регионалната соработка и развој се најважните приоритети на Министерството за локална самоуправа

May 19, 2021 15:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во соработка со претставништвото на Европска Унија во Косово како и со соседните држави во програмите за прекугранична соработка, денеска се отвори Куќата за прекугранична соработка, во Приштина, простории кои се финансирани од Европската Комисија, и ќе се употребуваат за три прекугранични програми и тоа Косово – Северна Македонија, Црна Гора – Косово и Косово – Албанија.

– Оваа куќа ќе биде едно место за сите прекугранични операции во Косово имено и Северна Македонија како земја партнер се здобива со капацитети за поддршка на потенцијалните апликанти во здобивање прекугранични партнерства. Регионалната соработка и развој се најважните одговорности на Министерството за локална самоуправа и прекуграничните и ИНТЕРРЕГ програмите се важен дел од нашата стратегија за регионален развој, истакна во Косово Министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Тој посочи дека земјава во програмскиот период на ИПА2 2014-2020 зеде учество во пет прекугранични соработки и  ИНТЕРРЕГ програми, како и две транзициони програми. Имено тоа се ИНТЕРРЕГ програмите со Грција и Бугарија, прекуграничните соработки со Косово, Албанија и  Србија, и транзиционите програми БАЛКАНМЕД и АДРИОН.

– Министерството за локална самоуправа во улога на Оперативна структура на Програмата е отворено за соработка и поддршка на сите структури во прекуграничната соработка со цел успешна имплементација на истата. Преку заеднички напори ние можеме да создадеме подобра иднина за нашите граѓани, како и значаен придонес на патот за нашите Евроинтеграции. Би сакал да напоменам и дека Министерството како Оперативна структура ги поддржуваме корисниците на прекуграничните програми преку ко-финансирање на нивните проекти. Со ова ја покажуваме посветеноста и заедничките напори да го подобриме животниот стандард на нашите граѓани во прекуграничниот регион, да ги охрабриме институциите, особено локалната самоуправа да соработува со нивните соседи од Косово со цел да се подобри услугата која се нуди на жителите, рече Милевски.

Тој посочи дека евроинтеграциите се многу важен, стратешки ориентиран потег за нашата држава. Би сакале да им се заблагодариме на Европската Унија за поддршката на нашите држави. Преку заедничка работа го забрзуваме и зајакнуваме процесот на интеграции.

Програмите за прекугранична соработка се реализираат преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) чија цел е да поддржува прекугранични односи со цел добрососедство, интеграции во Европска Унија, и социо-економски развој во државите.

На настанот говореа Елберт Красниќи Министер за локална управна администрација од Косово, Томаш Сзунјог Амбасадор на ЕУ во Косово, Горан Милевски Министер за локална самоуправа, Зорка Кодриќ одговорен преговорувач од НИПАК Црна Гора, Олта Чачка Министерка за надворешни врски.

Next Post

Брнабиќ: ЕУ не знаат за некои важни работи кои функционираат во регионот

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk