ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев за „Ромањуз“: Креираме политики за зголемување на прагот на пропорционална застапеност на Ромките и Ромите и за поголем пристап до работни места

May 21, 2021 22:08
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МОЗАИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во интервју за порталот „Ромањуз“, на новинарско прашање истакна дека решенијата за надминување на проблемот помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија се добра основа за отстранување на пречките за отворање на преговорите, која не задира во македонските идентитетски прашања.

Премиерот Заев нагласи дека атмосферата е смирена и дека двете земји ќе продолжат во европски дух да дојдат до решение кое до крајот на мандатот на Португалското претседателство со ЕУ ќе овозможи одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ.

Во тој контекст, премиерот Заев ја поздрави солидарноста и поддршката на ромската заедница во однос на ова важно прашање кое ги засега сите граѓани на земјата и додаде дека претставници на ромската заедница од јавната администрација и од граѓанските организации ќе бидат вклучени во процесите на консултации кога ќе отпочнат преговорите за нашето членство во ЕУ со отворањето на поглавјата.

„Прашањето на политиките на Ромите се едни од нашите приоритетни политики кога станува збор за еднаквоста на сите наши граѓани како наша обврска и како дел од европските критериуми за почеток на преговорите и за членството на Северна Македонија во ЕУ и во тој дел очекувам секој да го даде својот придонес“, нагласи премиерот Заев за порталот „Ромањуз“.

До сега имаме направено многу на планот на инклузијата на Ромите во општеството и во спроведувањето на Стратегијата за Ромите, рече премиерот Заев, но тоа не значи дека работата е завршена и треба да продолжиме со силно темпо да ги реализираме сите предвидени програми.

„Застапеноста на Ромите во јавната администрација од 0,75% е зголемена на 1,25%. Нашата цел е овој процент да расте и Ромите да бидат правично и пропорционално застапени. Затоа се формирани посебни центри, кадровски екипирани, за поддршка и обука на членови на ромската заедница да бидат обучени и да ги поминат административните тестови како предуслов за вработување во јавната администрација“, соопшти премиерот Заев.

Тој додаде дека ова е само дел од програмите за поддршка на вработувањето и економската самостојност на членовите на ромската заедница.

„Од страна на Министерството за труд и социјална политика и Центрите за социјална работа е завршена систематизацијата  на работните места на 6 Ромски информативни центри во Центрите за социјални работи  во  Тетово, Велес, Куманово, Берово , Штип, Прилеп. Ангажирани 6 нови лица во Ромските информативни центри во Шуто Оризари, Гостивар, Делчево, Виница, Кочани и оваа година за прв пат се отворени два нови РИЦ во Неготино и во Кичево“, потенцираше премиерот Заев.

Сите овие иницијативи имаат за цел да отворат опции за вработување и за социјална инклузија на Ромките и Ромите.

„Продолжува проектот за инклузија на 341 деца во претшколско образование  во 20 општини. 104 деца се опфатени со препорака на Влада за ослободување од партиципација на деца што се во социјален ризик во 13 општини. Ангажирани се 18 медијатори во претшколско образование. Примени негувателки со решение за работа се 14 коишто работат на овој проект и оваа година се ангажирани 3 негувателки во Дебар, Кичево и за прв пат во Радовиш“, рече Заев за „Ромањуз“.

Во овој дел влегуваат и проектите за поддршка на инфраструктурните проекти во средините со  мнозинство на ромско население.

„Согласно владината одлука 10% од социјалните станови таму каде што има аплицирано Роми на повиците што ќе следат и кои ги исполнуваат пропишаните услови согласно огласот. Во тек е процес на усвојување на информацијата за распределба на 20 милиони денари од Министерство за транспорт и врски за реализација на инфраструктурни проекти во ромските населби, а во рамките на ребалансот за оваа цел настојуваме да обезбедиме дополнителни 20 милони денари наменети за типски куќи во Шуто Оризари за создавање на услови за поддржано живеење  за најранливата категорија на граѓани“, истакна премиерот Заев во интервјуто за порталот „Ромањуз“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Капибара – глодарот кој ја победи агресијата

July 20, 2025

Светски температурен биланс: 49,6 °C во Иран, -74,2 °C на Антарктикот

July 20, 2025
Фото: ФБ/Кире Михаилов

Кумановец, со „молотов коктел“ запалил трева во Средорек

July 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маж се удавил во Охридското Езеро во близина на Струга

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џабир Дерала назначен за Генерален секретар на НЕПФ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk