ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Кристина Арнаудова: Растена сум во мултиетничко семејство, почитувањето на различностите се учи од дома (ВИДЕО)

May 22, 2021 13:38
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

-Разликите кои се карактеристика на оваа наша земја, тие се тоа што ние ќе ги направиме. За жал, во сите овие години многу почесто луѓето ги дефинираа како проклетство отколку како богатство, наместо да се фокусираме на тоа што добро може да ни донесат различностите, и што може да научиме од нив, и што може да придобиеме како земја што се стреми да стане дел од Европска унија. Мислам дека на лош начин ги искористуваме различностите, посочи Кристина Арнаудова на панелот на ЦИВИЛ „Општествената одговорност на уметниците во промовирањето на европските вредности и почитувањето на различностите“

За мене различностите, бидејќи како што некои од вас знаат, а некои не знаат, јас сум растена во мултиетничко семејство каде што дедо ми Јусуф беше Турчин, баба ми е Влаинка, мајка ми се вика Междет ја викаат Мери… Кај нас дома не се разговараше за тоа кој од каде доаѓа и каков јазик треба да се зборува и дали некој од нас е различен. Дедо ми со љубов зборуваше за Турција, баба ми со љубов зборуваше за Власите, никој со никого не се караше, за жал не научив турски бидејќи дома кај нас сите зборуваа македонски, ги славевме сите празници, јадевме и пита во Неготино традиционално во недела со свинско, баба ми правеше баклава за Бајрам, јајца фарбавме за Велигден. Значи за мене сето тоа беше многу нормално, во средината каде што живеев јас тоа беше многу уникатен случај на живеење и на соживот, бидејќи се работеше за Неготино коешто е чисто етнички македонско гратче.

Јас сум благословена што можев да живеам во едно такво семејство, и што до ден денес моите дома ме научија дека луѓето се делат само на добри и лоши луѓе, дедо ми цело време ме учеше на тоа што го научил неговиот татко, дека крвта е секогаш по квалитетна кога се меша, тука сакаше да каже дека колку повеќе се мешаат нациите, толку по квалитетни луѓе излегуваат. Инаку мојот прадедо, во тоа време, теолог, филозоф, оџа, имал три факултети, а сите негови деца биле женети, мажени со различна националност. Дедо ми беше женет за Влаинка, неговиот брат за Србинка, другиот брат за Македонка, неговата сестра за Албанец, а другата сестра во Турција за Турчин. Кај нас тоа беше многу нормално и јас сум благодарна што ме научија на тие вредности, никогаш не сум ги делела луѓето на тој начин. Се чувствував толку богато што можам една ваква приказна да раскажам како позитивен пример, и како пример за тоа како се растат здрави генерации.

Со зборување лошо за другите, дека некој треба и може да е различен само затоа што припаѓа на различна националност има различна боја на кожата, сака различни работи, јаде различна храна, со тоа само создаваме омраза. И не знам како, ние на овие родители, на сите родители, на сите семејства во Македонија, коишто нивните деца ги воспитуваат на таков начин, да им објасниме дека злото раѓа зло, и дека само доброто раѓа добро. Дека ако ги воспитуваат на тој начин нивните деца, тие деца се потенцијални мразачи на се што е различно од нив. Не знам како да се направи, но тоа мора некако да се воведе во нашиот образовен систем, во смисла, не тоа да им го наметнуваме дека мора да се сакаат, туку просто еве мојот син учи во Јахја Кемал заедно во одделението со Албанци, Турци, Англичани, и тие никогаш не зборуваат за тоа дека  некој е ваков или таков, си честитаат сите секому на секого празници. А тоа делење во нашите државни школи дека Албанци треба да учат само со Албанци и Македонци само со Македонци тоа мислам дека уште повеќе го истакнува и лошо влијае на тоа како децата во иднина се развиваат. И мислам дека е многу убав концептот на училиштето Јахја Кемал, како ги води, како ги воспитува децата во таа смисла.

 

Next Post

Раздвижено на граничниот премин Богородица, само вчера транзитирале 3.500 патници

Shortcut

Најново

Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk