ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Министрите за надворешни работи на Чешка, Словенија и Австрија до Заев: Дојдовме за да кажеме јасно – Европската Унија мора да испорача

May 22, 2021 16:46
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска ги прими министрите за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, на Словенија, Анже Логар и на Чешка, Јакуб Кулханек, кои се во еднодневна работна посета на нашата земја.

На разговорот за време на средбата во преден план беа актуелните теми поврзани со евроинтеграциските процеси на Северна Македонија и притоа премиерот Заев ја истакна благодарноста на нашите граѓани за поддршката и помошта што овие земји ни ја даваат во евроинтеграцискиот процес и на проширувањето на ЕУ и се осврна на значењето на европскиот Економски и инвестициски план за Западен Балкан како значаен за постковид економија и за закрепнувањето на земјите од последиците од пандемијата.

„Како земја кандидат за членство чекаме веќе 16 години и како влада со секоја наша постапка, со секој гест, со секоја политика што ја реализираме, покажуваме почитување на сите европски вредности. Преземаме чекори за големи реформи во економијата и образованието како меѓусебно врзани процеси, но работиме на интензивни реформи во секоја сфера на општеството“, истакна Заев.

Премиерот Заев се задржа и на можностите за деблокирање на процесот на нашето пристапување во ЕУ и  истакна дека нашата цел – членството во Европската Унија нема алтернатива.

„Ние сме силно посветени на наоѓање на решение за проблемот што го отвори Бугарија, притоа потенцираме уште еднаш дека ние за идентитетските прашања нема да разговараме, затоа што станува збор за темелна европска вредност и сме благодарни за разбирањето на кое што наидовме во Брисел и во останатите земји членки на ЕУ во однос на ова прашање“, додаде Заев.

Премиерот Заев ја искажа и својата почит кон португалското претседателство со ЕУ и за нивните напори да се реши овој проблем со предлогот решенија со кои министерот за надворешни работи Силва вчера ги презентираше во Скопје и Софија, кои ние како Влада го оценуваме како добра основа за решавање на прашањата што Бугарија ги отвори во однос на Северна Македонија.

На средбата тројцата министри децидно застанаа зад предлогот на португалското претседателство оценувајќи го како клучен чекор со кој ќе се засили темпото во евроинтеграциските процеси. Министрите се согласија дека Северна Македонија успешно ги заврши сите предвидени реформи кои треба да гарантираат одржување на првата меѓувладина конференција и сега на ред е Европската Унија да го испорача ветеното.

 

Next Post

Елмас останува во Наполи, неговото име не е на трансфер листата

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk