ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Ова е европски ден за Севрена Македонија, заедничка посета на три силни поддржувачи на нашата европска перспектива

May 22, 2021 14:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ова е европски ден за Севрена Македонија, заедничка посета на три силни поддржувачи на европската перспектива на земјава и праќа силна порака на поттик до граѓаните, не само на нашата земја, туку и на целиот регион. Благодарност за континуираната поддршка, но и за напорите на ЕУ и покрај глобалниот недостиг на вакцини за нашиот регион. Би сакал да ја пренесам пораката на нашата Влада и на нашиот народ – Северна Македонија ги цени вашите напори, благодарни сме за вашата поддршка и можете да сметате на нас како пријатели, рече денеска на прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој е домаќин на министрите за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, Словенија Анже Логар и на Чешка Јакуб Кулханек.

-Неформалната група Ц5, но и соодветно на географската близина, Австрија, Чешка, но и Словенија како следен претседавач со ЕУ и останатите земји од оваа група претставуваат непосредно соседство на Западниот Балкан. Покрај принципиелната поддршка во чија основа се и нашите резултати, имаат и силно изразен интерес за напредок на целиот регион, имаат широки и длабоки познавања за состојбите во нивното непосредно соседство што ги прави силни политички авторитети во ЕУ секогаш кога на маса се прашањата за нашиот регион, изјави Османи.

Нивната поддршка, како што рече, е навистина цврста, конзистента и долгорочна.

– Ние денеска не го усогласувавме нивниот став затоа што нивниот став по однос на европските интеграции на регионот и на Северна Македонија одамна е познат. Јас денеска побарав и добив силни пораки на согласност од колегите дека оваа нивна енергичност, овој напор и гласност во рамки на Унијата ќе продолжи. Во овој условно асиметричен спор со кој се соочуваме се разбира ни се потребни пријатели за да ни озвоможат и фер платформа, и фер политички простор за да можеме преку дијалог да ги отстраниме пречките за продолжување на нашите европски интеграции, нагласи Османи.

Тој посочи дека одговарме на соодветен начин, со нашето одговорно и зрело поведение, со продолжување на реформите, претежно во областите со европски предзнак и кои имаат фундаментално значење.

-Се обврзав дека ќе продолжиме и ќе ги зајакнеме нашите напори за надминување на разликите со Република Бугарија. Се обврзав дека ќе понудиме наш придонес и како позитивен пример за соседните земји кои се уште имаат отворени прашања и кои се исклучително важни за целиот регион. Исто така го реафирмирав нашиот став кон регионална соработка како еден од поголемите успеси на ЕУ на Балканот, изјави Османи.

Со целата наша политичка волја и напори, како што рече, премногу е ставено на залог и преблиску сме да ја пропуштиме оваа можност.

– Вашето присуство во земјата е навремено, точно 30 дена пред јунските состаноци на ЕУ кога би требало конечно да се оствари одлуката, да се отворат преговори од март оваа година преку усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција. И да не можеме тоа да го направиме заедно, времето е сега, ова можеме да го направиме само со несебична поддршка од нашите пријатели, рече Османи.

Next Post

Целосна поддршка на португалскиот предлог за решавање на спорот со Бугарија од министрите на Австрија, Чешка и Словенија

Shortcut

Најново

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Албин Курти

August 25, 2026

Филипче обвинува дека власта ја третира државата како плен, Мицкоски возвраќа дека тој е „кукла“ на криминалци

August 25, 2026

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk