ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ФОТО) Графити-галерија на отворено во Куманово

May 24, 2021 09:44
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Младите од Куманово уживаат во шаренилото на графитите во комплексот згради во близина на средното училиште „Перо Наков“. Десетмина уметници од државата цртаа графити во убава атмосфера проследена со музика на третиот фестивал кој оваа година се одржува со поддршка на Општината. Учесниците велат дека се обидуваат на секој начин да го разубават градот и да поттикнат да се развие оваа современа уметност и дел од урбаната култура. Секој со својата приказна, понекогаш испреплетена со идејата на колегите ги разубавија ѕидовите на зградите на комплексот од „К4“ од „Октомвриска револуција“. Шаренилото од бои и контрасти ќе го разбие сивилото во градот, сметаат младите.

Младен Трендевски, еден од организаторите на манифестацијата веќе неколку години го разубавува Куманово. Тој е еден од творците на преубавите графити кај основните училишта „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“, простор каде што време поминуваат генерации млади кумановци, фотографирајќи се за социјалните мрежи.

– Се инспирираме од големите градови од Европа, пред сè Берлин, Барселона, но и од соседството од Софија, Белград. Нашата интенција е да имаме поголем простор за работа, поголеми површини каде би можеле да цртаме. Се надеваме дека ќе успееме. Најубави графити сме ги креирале додека атмосферата за работа била добра. Битно е да е средено, изјави Трендо.

Учесниците бараат поголеми површини за цртање, да има континуитет во нивната работа. Еден од нив е скопјанецот Драган Китановски-Драж кој вели дека е важно разубавувањето на просторот.

 

1 of 3
- +

1.

2.

3.

– Има скокови и падови, значајно е да се одржува континуитет како што е во Куманово веќе трета година. Треба да има како што има насекаде во светот. Тоа е начин на изразување и влегува во современа уметност, затоа што во принцип од старите фасади се прави галерија на отворено, вели Китановски.

Во големите европски градови се препокриваат графитите, кај нас сцената е мала, појаснуваат уметниците. Генерално се проценува дека има дваесетина цртачи на графити. Спорадично во неколку поголеми градови има слични настани, но реална и континуирана поддршка од властите засега нема. Местата каде што можат да творат уметниците обично се во поненаселените места, кои за жал и најмалку се посетени.

Жителите на зградите самите доставиле иницијатива да се разубават нивните згради. Горан Стојанов, еден од организаторите најави дека наскоро ќе следуваат графити кај друг комплекс згради, бидејќи граѓаните пројавиле интерес за разубавување на нивниот кварт.

– Жителите дадоа согласност, изработивме проект кој не чини премногу, а овој дел од градот добива интересен лик, вели Стојанов.

Уметниците бараат нови површини каде ќе можат да творат, да ги пренесат своите размислувања преку графити, мурали. Куманово веќе има неколку простори каде е работено.

– Ќе продолжиме со поддршката и во иднина, најавија надлежните од Општината кои го поддржаа третиот фестивал.

Уметниците се надеваат дека наредните години ќе бидат исцртани повеќе површини со различни стилови на цртање кои ќе го разубават Куманово и ќе го разбијат сивилото во градот.

Александра Максимовска / МИА

Next Post

Пендаровски: Македонскиот јазик, како и секој друг словенски јазик е гранка од стеблото засадено од Св. Кирил и Методиј

НАЈНОВО

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk