ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Опаѓа бројот на новозаразени со Ковид-19 и на приеми во болниците

May 24, 2021 09:11
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Континуирано опаѓа бројот на новозаразени со вирусот Ковид-19, па така според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, од 3.143 тестирања регистрирани се 37 нови случаи.

Следствено на тоа, и бројот на приеми во болниците е се помал. Како што соопшти вчера Министерството за здравство, вкупно 329 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје и во болниците во другите градови, а има околу 575 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Според податоците од Институтот за јавно здравје, вчера се пријавени вкупно 15 починати лица, а регистрирани се 69 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.063, бројката на оздравени пациенти е 146.869, на починати е 5.311, а бројот на активни случаи изнесува 2.883.

За состојбата да остане стабилна, меѓутоа и да се стави крај на пандемијата, Министерството за здравство и министерот Венко Филипче апелираат на што помасовно вакцинирање на граѓаните.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со завчера, вакцинирани се вкупно 220.733 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 4.123 граѓани, а вкупно, истиот ден, се вакцинирале 4.148 граѓани.

Во државата, како што соопшти Министерството за здравство, вкупно се аплицирани 259.577 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.806 граѓани.

– Со последните бројки 45,7 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 39 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, соопшти вчера Министерството.

Вакцинацијата, оценуваат, се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега 398.243 граѓани изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk , а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Охрид.

Next Post

Пендаровски и Радев заедно со бугарски авион ќе патуваат во Рим на чествување на Светите браќа Кирил и Методиј

Shortcut

Најново

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Албин Курти

August 25, 2026

Филипче обвинува дека власта ја третира државата како плен, Мицкоски возвраќа дека тој е „кукла“ на криминалци

August 25, 2026

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk