ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Одбележан денот на сесловенските просветители, во португалскиот предлог се вклучени очекувањата на двете страни, Пендаровски и Радев на заедничко чествување на делото на просветителите

May 24, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Наместо традиционално, со богата програма и настани, и оваа година поинаку ќе биде одбележан 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј. Високиот политички врв со честитки и положување цвеќе го одбележа денешниот празник. Владината делегација предводена од Премиерот Заев ја сочинуваа министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче, министерката за образование и наука Мила Царовска и Ирена Стефоска, министерка за култура.

Претседателите на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и на Република Бугарија, Румен Радев, заеднички ќе оддадат почит на делото на Светите браќа Кирил и Методиј во Рим, откако тоа не го сторија минатата година поради влошената состојба со пандемијата на Ковид-19. Посетата е планирана за 26 и 27 мај.

Премиерот Зоран Заев верува дека европскиот дух на претседателите на Северна Македонија и Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев ќе даде поттик да се направи исчекор во процесот на пронаоѓање решение во спорот со Бугарија, со што ќе се одблокира патот на интеграција на земјава во Европската Унија. Португалското претседателство со Европската Унија и  министерот за надворешни работи Аугусто Сантош Силва во понудениот предлог за решавање на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија воделе грижа да бидат вклучени очекувањата на двете страни, додаде Премиерот.

Жителка на Девствените острови на Карибите во Охрид учи да изработува накит од филигран. Во време на светска пандемија, Анет Хил Боринг и нејзиниот сопруг,  направиле илјадници километри за да ја посетат нашата мала земја, која им била желба од поодамна. Смениле четири летови, од Девствените острови до Порторико, потоа до Вашингтон, па Виена за да допатуваат во  Скопје…

Во викенд населбата Попова Шапка има и над 800 објекти, но налик на куќи за домување со оглед на габаритот на површината и до 200 метри квадратни, а предвидена за 200 викендички. Кога влегувате во туристичкиот центар „Планинското брдо“ од левата страна е речиси целото бетонизирано. Тука според еколошките организации последниве десетина години, кој што сака прави односно гради, доградува, а што е најлошо узурпира државно земјиште каде никнуваат дивоградби.

М. Миткоска

Next Post

ОБСЕ бара ослободување на Проташевич, ЕУ ќе разговара за евентуални санкции кон Белорусија

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk