ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Постојат 55 претпријатија низ земјава што ги одведуваат урбаните отпадни води, само 17 ги прочистуваат (Инфографик)

May 24, 2021 14:01
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Од 80 македонски општини, грижата за собирање и одведување на урбаните отпадни води што ги создаваат домаќинствата ја споделуваат вкупно 55 јавни комунални претпријатија. Од нив, само 17 од овие даватели на водни услуги ги прочистуваат ваквите отпадни води, со што не вршат загадување на подземните води, реките, езерата и акумулацииите низ земјава. Овој загрижувачки податок од Годишниот извештај за работењето за 2020 година на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги е надополнет со фактот дека и во дел од општините каде што се прочистуваат урбаните отпадни води, овој процес не ги опфаќа сите населени места.

Според објавените податоци, низ целата земја постојат 27 даватели на водни услуги во подрачја со над 10.000 жители кои ги собираат и одведуваат урбаните отпадни води, како и 28 јавни комунални претпријатија кои ја вршат оваа водна услуга во подрачја со под 10.000 жители. Ова практично значи дека постои канализациона мрежа во населените места, со која управуваат јавните комунални претпријатија.

Сепак, од давателите на водни услуги, само 13 претпријатија со над 10.000 жители ги прочистуваат отпадните води (Берово, Кочани, Струга, Кичево, Гевгелија, Струмица, Радовиш, Прилеп, Битола, Ресен, Куманово, Скопје и Илинден), како и четири јавни комунални претпријатија во подрачјата со под 10.000 жители (Македонски Брод, Дојран, Чучер Сандево и Кривогаштани).

Дури и кај овие 17 даватели на водни услуги, не секогаш со пречистителни станици за отпадни води се опфатени сите домаќинства, а пример за тоа е главниот град. Па така, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје има пречистителни станици за отпадни води единствено во Волково и Сарај, кои им служат на овие населени места, но главниот објект во Трубарево треба допрва да се гради за да ги опфати урбаните отпадни води од сите скопски населби. Сличен е и примерот со Битола, каде што допрва треба да отпочне изградбата на пречистителната станица за отпадни води во градот. Наспроти ова, пречистителната станица во Струга ги опфаќа и урбаните отпадни води од Охрид, односно целиот регион на Охридското езеро.

Инаку, меѓу поголемите општини во кои воопшто не постои пречистување на урбаните отпадни води се Кавадарци, Велес, Штип, Тетово, Гостивар, Неготино, но и општини кои се наоѓаат во национални паркови со врвен биодиверзитет и недопрена природа, како што е општината Маврово-Ростуше.

„Мета.мк“ во неколку наврати веќе пишуваше за големите негативни последици по животната средина што ги предизвикуваат непречистените урбани отпадни води. Како резултат на ваквата толерирана појава низ децениите наназад, во скопскиот регион реките Вардар, Треска и Лепенец имаат хемиски и бактериолошки неисправни води, кои не само што не можат да се користат за пливање, туку е строго забрането користењето на ваквите води за полевање на земјоделските површини, а забрана постои и за користење на бунарите за вода за пиење ископани во близина на самите реки.

Единствено решение за да се надмине ваквиот проблем е да се изградат пречистителните станици за отпадни води низ македонските општини. Иако за Скопје беше ветено дека ваквиот капитален објект ќе почне да се гради кон крајот на 2021 година, уште непочнат со изведба, тој доби нов рок за почеток на градежните активности, а тоа е јуни 2022 година.

За изградба на пречистителните станици за отпадни води во Битола и Тетово до крајот на годинава треба да се потпишат договорите со најповолните изведувачи, по што ќе започне и изведбата на терен. Поради тоа што станува збор за најголемите градови во земјава, со пуштањето во употреба на трите пречистителни станици во Скопје, Битола и Тетово, за неколку години земјава ќе успее да прочистува над 50 отсто од количеството на создадени урбани отпадни води. Вредноста на овие три капитални објекти од комуналната инфраструктура се проценува на 193,8 милиони евра.

извор: МЕТА

 

Next Post

Албанија: Утврдени четири кандидатури за нов лидер на Демократска партија

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk