ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Превртен бумбар

May 24, 2021 10:16
in ZOOM IN, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Светот е како бумбар превртен на грб.
Мавта со ножињата како да диригира со сто филхармонии.
Во отпорот е неговиот спас.
Всушност, во маката.
Но, отпор нема.
Воздухот е редок.
Како што се ретки  и неговите краци.
Но, делува прилично неутрално во својот безизлез.
Ние го набљудуваме врз основа на нашите критериуми за страдањата.
Можеби тој  ужива.
Можеби чита некоја книга на небото.
Или медитира.
Или, сепак, се мачи.
Нема никакви шанси.
Само некој ветер може да го преврти на вистинската страна.
Или некаква олуја.
Можеби, благото качување на нивото на океанот.
Но, самиот е немоќен.
Како бубачките на Гомбрович.
На Пунта Дел Есте.
Или на некои други плажи беше неговата средба со беспомошност на живиот свет.
Не се сеќавам.
И Македонија е бумбар.
Мало бумбарче.
Туширан во грчко-римскиот стил во борбата со самиот себе.
Еден внатрешен орган не му дозволува да се исправи.
Всушност, организација.
Внатрешна, македонска, па уште и револуционерна организација.
Нешто како рак на простата.
Или на грлото на матката.
Ќе го поништувале Преспанскиот договор.

Тоа е како обид масата што се клацка да се стабилизира со сечење на две или три нозе. Хахаха! Во една кафеана видов гостин кој масата што му се клацкаше ја стабилизира со пачка долари. Бидејќи беа стотки, проценив дека имаше десетина илјади. Цела ноќ чекав да стане да си замине во надеж дека ќе ги остави парите. Јок. Испи три литри вино и изеде половина јагне, се наведна, ги зеде парите и замина во ноќта. Јас останав начукан бидејќи не можев да издржам на суво да чекам три часа и триесетина минути.

А, сме ставале и капаче од пиво.
Или свиткана кутија од цигари.
Без цигарите, нормално.
Тоа беа нашите инструменти за стабилизација, а не сечење на нозете.

Зашто, не можете да го поништите Преспанскиот договор, а да не ја поништите Македонија. Масата ќе падне. Да ја поништите Триумфекалната порта, а да ја оставите дупката. Помали последици ќе предизвика решението да го поништите АСНОМ или АВНОЈ. Ако го повлечете тој конец ќе ја расплете целата блуза. Како не ви е јасно. Јас дури би сакал да се обидете на тој начин да ми го вратите достоинството, зашто моето достоинство всушност го уништува Македонија. Вие, навистина, би можеле да бидете мои спасители.

Јас мислам дека оваа приказна околу Преспанскиот договор и достоинството е платформа на која чипираните идиоти мислат да ја освојат власта. Луда работа. А после ќе решат да ја респектираат стварноста. Нормално. Но, тоа што нема да го поништат Преспанскиот договор, не значи дека немаат други начини да не спасат од Македонија.

Трајко, да речеме, Славевски, во интервјуто за Фокус, ми се чини, вели дека Скопје 2014 однел многу пари од буџетот и го поделил општеството, но тој никогаш не успеал да разбере каква му била намената и идејата.

Јас ќе му помогнам.

Да го подели општеството, Трајко, тоа му беше идејата, да остави материјални траги дека Македонците се односно биле идиоти, зашто само идиоти кои не знаат за што ќе служи тоа што го градат, а не знаеја сите, не само ти, можеле без отпор да си дозволат таков урбанистичко-архитектонски масакр врз главниот град односно врз лицето на нацијата.

Славевски уште тврди, поточно, се сомнева дека тоа била антидржавна политика. Не, Трајко, само тоа и беше смислата на политиката. И тогаш и денеска. Знам дека е тешко тоа да се разбере, особено ако тоа претпоставува соочување со некои одговорности, но така е и никако поинаку. Тоа што за време на Груевски беше Скопје 2014 сега се блокадите во Собранието. Знае ли некој нормален зошто заслужат. Јас мислам-не. Дали е тоа антидржавна политика? Јас мислам-да. Идејата за поделеноста на општеството како напредната фаза на неговото распаѓање, продолжува да се реализира и развива. Не само што се дели на предавници и патриоти, при што патриотите се предавници, а предавниците патриоти, по малку изнасилено кажано, де, туку уште и се атомизира и десубјективизира. Односно се обесмислува и, практично, престанува да постои. Македонија ќе се сведе на митот за себе. Што нема да има кој да го раскажува. Во таа смисла бугарската блокада е полоша за Бугарија отколку за Македонија. Блокадата ја дскредитира Бугарија, а Македонија може и да ја консолидира. Или макар да го забави процесот на распаѓањето. После ќе можат да го земат Делчево и да му го вратат славното име: Царево село. Далеку е Охрид. Така се коле вол за кило месо. Така ќе се остават и материјални докази дека на почетокот на третиот милениум, не биле само Македонците идиоти.


Текстот е личен став на авторот. Сите права се задржани.

Next Post

На инфективните одделенија во се лекуваат 186 пациенти, слободни кревети има

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk