ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Мешаните бракови во тетовско се реткост, според експертите на нив се гледа како изневерување на својата ентичка заедница

May 26, 2021 13:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Мешаните бракови во тетовско од различен етнички или религиски состав се реткост. Ако ги има тогаш тоа е брачна двојка во која  еден сопружник е од друга држава.

Податоците на Управата за водење на матични книги подрачно одделение Тетово, говорат дека оваа година имаат склучено 37 бракови од кои еден од сопружниците бил од соседна држава, претежно од Бугарија, Косово, Албанија, Србија, Турција. Америка.

Од нив десетина биле со мешан етнички или религиски состав.

Но, мешан брак помеѓу две лица од тетовско годинава немало, додаваат од управата.

Слични бројките имаме и од минатата година.

„Можам да кажам дека мешаните бракови се реткост, има, но ако едното лице е од странска држава, а вака од ист град ги нема. Такви се податоците кои ги имаме за оваа и минатата година“, рече Нагип Назмиу раководител на Управата за водење на матични книги подрачно одделение Тетово.

Раководителот Назмиу немаше податоци за каква била бројката со мешаните бракови пред две и повеќе години и дали може да се направи споредба со статистиката за оваа и ланската година.

Универзитетскиот професор Агим Пошка, пак, смета дека малиот број на примери на мешани бракови влече историски корени посебно во балканските држави. Според него етничките групи стануваат се похомогени, затоа што чувствуваат дека нивниот етнички идентитет станува сѐ позагрозен. Ситуацијата на оваа тема станува уште подраматична со војните на овие простори.

„Ситуацијата малку се релаксира за време на Втората светска војна затоа што заедничкиот непријател, Германија, ги здружи повеќето етникуми во регионот, за да војуваат заедно против Хитлерска Германија. Таа илузија продолжи уште неколку децении во бившата СФРЈ и конечно се  врати во нулта точка, после војните што Милошевиќ ги почна со повеќето заедници во СФРЈ. Мешаниот брак бара почит и историја на заеднички вредности, но и кохезија на истите кои што може да се каже дека често недостигаат на Балканот. Винстон Черчил заклучил дека Балканот има повеќе историја отколку што може да консумира. Како последица на крвавата историја која што понекогаш е и имагинарна, народите сѐ уште не можат да замислат мешани бракови. Секако, резултира дека тие се поотворени за бракови со припадници на народи надвор од Балканот, затоа што тие бракови немаат предизвици со кохезијата, но и полесно можат да развијат заеднички вредности кога историјата не е стимулатор на предрасуди, рече Универзитетскиот професор по мултикултурализам Агим Пошка.

Неговата колешка Маја Мухиќ, пак, смета дека потребно е подолго време да помине да се залечат раните од минатото кога народите од балканските простори војувале, па сега можеби затоа и потешко е да се склучи брак од различен етнички состав, ако во минатото тие етникуми биле завојуваните страни. Можеби оваа дефиниција е погрешна, ако го земеме периодот на поранешна Југославија кога имало повеќе мешани бракови, но тогаш поставеноста на народите била сосема поинаква.

„Кај нас поради недоверба многу ретки се браковите од мешан етнички состав, ако сопружниците се родени тука, но тоа не е пример само тука, туку тоа го има и во други земји. Тие мешани бракови се табу тема, како врски може да постојат, но кога ќе дојде до брак тогаш заедницата става бариера, ако жената се омажи за маж од друга заедница во Македонија или во која било друга држава, тоа се чувствува како изневера вртење на грб на таа својата заедница. Но тоа се параметри кои не се специфични само за Македонци и Албанци туку и за заедници и во други држави“, вели професорката Мухиќ.

„Таа додава дека треба да поминат генерации оваа тема да биде минато, и секој од нас да се бори и да ја отвори својата заедница кон другата, затоа што проблемите помеѓу заедниците можеби биле само проблеми кои ги имале претходните генерации, но не и младите генерации како моите студенти“, додава Мухиќ.

Зоран Димовски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

July 16, 2025

Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

July 16, 2025

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мини‑делница, макси‑пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Штипјани се оставени со суви чешми, цената на расипништвото ја плаќаат граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk