ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Заедничкото чествување на Светите Кирил и Методиј можност за обнова на дијалогот и довербата, реформи во образованието мора да има, мешаните бракови се гледаат како изневерување на својата заедница

May 26, 2021 17:53
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Како можност за обновување на дијалогот и довербата и за зајакнување на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија во духот на Договорот за соработка, пријателство и добрососедство, ги оценија претседателите Стево Пендаровски и Румен Радев заедничкото патуваење за Рим и Ватикан и заедничкото чествување на Светите браќа Кирил и Методиј.

Реформите мора да се случуваат, промени во образованието мора да има, порача и денеска министерката за образование и наука Мила Царовска, која рече дека референдумот е демократско право и за тоа си има постапка. Таа истакна дека постојано има дијалог и дека Министерството  е отворено за сите засегнати што имаат конструктивни предлози, а голем дел од нив, рече, се прифатени и преточени во законското решение.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на денешната седница на Економско социјалниот совет истакна дека работата на далечина ќе биде вградена во новиот Закон за работни односи. Во периодот на пандемија како општество направивме сериозен исчекор во прилагодување на работниот процес онаму каде што можеше согласно условите коишто беа наметнати од новонастанатата состојба, потенцираше Шахпаска.

Изработката на една М-Смарт Кард, што ќе им се дава на српските државјани врз основа на одлуката за ослободување од плаќање патарина за транзит низ земјава за време на летната сезона, чини сто денари и заедно со сумата од 760 денари колку што е вкупната сума на патарини за минување по Коридорот-10, вкупно трошок по една картична изнесува 860 денари, информира на денешната прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски.

Мешаните бракови во тетовско од различен етнички или религиски состав се реткост. Ако ги има тогаш тоа е брачна двојка во која  еден сопружник е од друга држава. Податоците на Управата за водење на матични книги подрачно одделение Тетово, говорат дека оваа година имаат склучено 37 бракови од кои еден од сопружниците бил од соседна држава, претежно од Бугарија, Косово, Албанија, Србија, Турција. Америка.

Стотина вработени во туристичко угостителскиот сектор, заминаа  во охридските фабрики. Кризата предизвикана од пандемијата најмногу го погоди туристичкото стопанство. Голем дел од  вработените, особено  со сезонски ангажман, но и останатите кои повеќе од една година земаа минимална плата како финансиска помош од државата, се преквалификуваа. Од келнери, шанкери, салатери, собарици , денес работат на лента во германската  фабрика „Костал“ во Охрид.

М. Миткоска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Амбасадорите на ЕУ и министерот Нуредини во акција за чистење

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk