ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Алаѓозовски: На хибридните закани ќе одговориме со сите механизми што ги имаме

May 27, 2021 13:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Хибридните војни, заканата врз демократијата е глобален феномен. Ние не смееме по никоја цена да го оставиме тоа поле неодбрането, ние мора да одговориме на таа закана со сите механизми кои ни се на располагање“, истакна националниот координатор за интеркултурализам, Роберт Алаѓозовски, на јавниот настан на ЦИВИЛ, одржан на 26 мај 2021, на тема „Европските вредности – (не)возможна мисија: Еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот низ призмата на политиките и практиките на национално ниво“, на прашањето – Како можат хибридните закани против демократијата да го разнишаат општеството, особено ако имаме општество кое се труди да ја промовира еднаквоста, недискриминацијата, мултикултурализмот?

„Заканата е глобална. Јас членувам како кординатор за „Едно општество“ на експертско тело при Советот на Европа, таму зборувавме на ова прашање со сите земји членки на СЕ и сите набљудувачки мисии кои се при оваа организација. Хибридните војни, заканата врз демократијата е глобален феномен. Ние не смееме по никоја цена да го оставиме тоа поле неодбрането, ние мора да одговориме на таа закана со сите механизми кои ни се на располагање. Дел од Стратегијата е формирањето на мрежата против говор на омраза при Советот за етика на медиумите (СЕЕМ) во рамки на здружението на медиуми и медиумските работници кај нас и сега треба таа мрежа што повеќе да јакне и има поддршка од нас.

Сега треба „топката“ да ја вратиме и кај самите медиуми и борбата да биде активистичка и саморегулативна, а не само казнена политика што ќе пропишеме. Редакциите треба да формираат интеркултурни работилници за своите вработени да ги обучат да препознаваат говор на омраза.

Констатирано е дека има мал број на судски пресуди на кривични дела направени од говор на омраза. Говорот на омраза е дел од нашиот кривичен законик, и го охрабруваме судството да донесе пресуди кои ќе ги санкционираат овој вид кривични дела.

Борбата мора да постои на повеќе нивоа, но многу е битна и партиципативната улога и учеството на граѓанското општество“, потенцира Алаѓозовски.

Дехран Муратов / ЦИВИЛ МЕДИА

 

Next Post

Груби: Заеднички да застанеме на линијата против дезинформациите, лажните вести и намерната пропаганда

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk