ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Груби: Заеднички да застанеме на линијата против дезинформациите, лажните вести и намерната пропаганда

May 27, 2021 13:51
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Ова наше совремие, во кое често се говори за тоа дека е во една хибридна војна или хибридни закани против демократијата, се разбира  дека една од основните алатки, една од основните оружја всушност, се токму дезинформациите и говорот на омраза, особено во доменот на етничките и верските припадности, и во таа смисла гледаме дека поларизацијата, стравот, несигурноста, поделбата, шовинизмот, преовладуваат како дел од арсеналот со кој располагаат центрите на моќта кои сакаат да ја дестабилизираат секоја демократија, па така и македонската. Што можат да направат институциите, и што  прават, да можат да им застанат на патот на ваквите закани во општеството? Се разбира, дали и колку можат да направат институциите и граѓанското општество, и ценетите медиуми, во оваа битка. Дали може да се осврнеме на тој дел? – беше едно прашањата што ги постави  модераторот Џабир Дерала, на настанот на ЦИВИЛ „Европските вредности – (не)возможна мисија: Еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот низ призмата на политиките и практиките на национално ниво“.

Груби: Секако, тоа е моја омилена тема, всушност на тоа и докторирав, посебно на јавното мислење, затоа што по струка сум и новинар, и целото мое образование е поврзано со новинарството. Сметам дека не може изолирано, само медиумите, само организации од цивилно општество, само државна институција, или која било сама личност да извојува победа во новите предизвици. Со појавувањето на печатарот, се предизвикува начинот на пласирање вести во тоа време. Истото се случило и со радиото, и со весниците, и со телевизијата.

Истото се случува сега со интернетот, којшто го предизвикува сегашниот естаблишмент којшто не може да се снајде и да се прилагоди кон новите околности коишто ни ги донесе интернетот, и поседувањето на индивидуални медиуми, сите ние, преку Фејсбук, Твитер, Инстаграм, Тик-ток, која било платформа, Јутуб… Си имате свој медиум каде што можете да пласирате, и да креирате публика. Можете да креирате вистински вести, можете лажни вести, може да водите пропаганда, може да ширите дезинформации со поттикнување на какви било немири. Ги следевме дезинформациите за резултатите на претседателските избори во САД 2016 година, со Брекзит во Британија следната година, па потоа имаше влијание на изборите во Германија, на изборите во Франција, имаше обид на изборите во Црна Гора, па и на изборите кај нас, и на крај, ако се сеќавате, мавме еден таков напад, хакерски, врз Државната изборна комисија, на денот на објавувањето на резултатите.

И замислете што би се случило доколку со еден таков упад  се прикаже друга слика за изборните резултати, различна од таа реалната, во кутиите на гласачите, и која би била реакцијата на поддржувачите на партијата што лажно би се прикажало дека е победник на тие избори… Кога би ги прифатила резултатите од тие избори дека, се легитимни? Никогаш. Затоа што ќе смета дека демократијата е изиграна. Ова е директен напад врз демократијата каква што ја познаваме, и треба да ја најдеме формата за прилагодување на новиот предизвик на нашето време, како што било од печатарството па телевизијата, весниците и радиото. И затоа велам дека индивидуално, односно еден единствен елемент не може да даде успешен придонес во целиот мозаик на општествениот предизвик. И ќе треба заеднички да идентификуваме дезинформација и лажна вест, и јавно да ги предизвикаме и да не ги прифатиме. Во институциите, во Владата работиме на тоа, сметам дека посебно и државните медиуми, посебно националната телевизија, но посебно МИА, како агенција треба да биде многу поактивна во лиферување на вестите, коишто се посебно во војна против лажните вести, и да имаат посебен оддел, посебен сектор каде што ќе работи на ова.

Мислам дека имаме два проекти од невладините коишто работат на проверка на факти, но не го постигнува ефектот, затоа што луѓето го читаат насловот, не ја читаат содржината, и преку насловот си креира сопствено мислење и убедување за прашањето, и следствено, на тој начин реагира. Додека да стигне вистинската вест, тогаш е многу доцна. Тоа е како демант на една вест. Затоа, мислам дека треба и јас да се заложам за ова во Владата, дека државните медиумски агенции би требало да бидат многу поактивни во овој дел, а секако и мејнстрим медиумите коишто се тука пред нас, да застанат на линијата против дезинформациите, лажните вести и намерната пропаганда, изјави првиот Вицепремиер, Артан Груби.

Д. Тахири / ЦИВИЛ МЕДИА

 

Next Post

Битиќи: Со електронските картички за српските туристи нема да се дестимулира домашниот туризам

Shortcut

Најново

Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

August 4, 2026

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија – повторно зборува за „талог“!

August 4, 2026

Министерство за здравство: Доењето е инвестиција во здравјето, потребна е поддршка од целата заедница

August 4, 2026
Ai Background Stock photos by Vecteezy

Во што се состои Актот за вештачка интелигенција на ЕУ? (ИНФОГРАФИК / ЦИВИЛ)

August 3, 2026
Мика Бојстер (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Мика Бојстер (DJV) за ЦИВИЛ МЕДИА: Русија настојува да ги изолира и заплаши новинарите – МОРА ДА ОСТАНЕМЕ ОБЕДИНЕТИ

August 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk