ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО СОЦИЈАЛА

Шахпаска: Отворени две куќи за живеење со поддршка во Демир Капија, процесот на деинституционализација продолжува

May 27, 2021 13:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

„Навистина ми претставува голема чест и задоволство што денеска во Демир Капија, го воспоставуваме живеењето со поддршка односно отвораме две станбени единици, во кои што ќе бидат сместени довчерашни девет станари на Специјалниот Завод  Демир Капија“, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на денешниот настан по повод отворањето на две куќи наменети за живеење со поддршка во Демир Капија, како дел од процесот на деинституционализација. На настанот присуствуваше и Никола Бертолини, шеф на одделот за соработка во Делегацијата на Европската Унија и  градоначалникот на Општина Демир Капија , Лазар Петров .

Министерката Шахпаска истакна дека  процесот на деинститутионализација продолжува до исполнување на целта , ниедно лице да не остане во установите за социјална заштита. Притоа, таа ја потенцираше посветеноста на  Владата и Министерството за труд и социјална политика на спроведувањето на Националната стратегија за деинституционализација 2018-2027 година.

Таа потенцираше дека негувателите и стручните лица кои ќе работат со корисниците ќе можат да применат индивидуален пристап, да изградат однос со секој од нив, да ги разберат нивните потреби, но и да ги идентификуваат и зајакнат јаките страни и потенцијалите на корисниците. Односно дека тие ќе работат во значително подобри услови и ќе можат да се посветат на својот професионален развој, со цел унапредување на  квалитетот на услугата.

„Со процесот на деинституционализација овозможивме да нема ниту едно дете под 18 години,сместено во резиденцијална установа. Од првичната бројка од  480 корисници во овие установи, стигнавме до бројка помала од  250 корисници. Со поддршка на Европската унија и  заедно со граѓанскиот сектор, градиме мостови на доверба во грижата за најранливите категории на граѓани,“ рече министерката.

За претставникот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Никола Бертолини, „овој нов модел на независно живеење што го промовираме денеска е модел на најдобрите практики за адресирање на потребите на лицата со попреченост.

„Единиците за независно живеење се јасен пример кој покажува дека потребите на лицата со попреченост не се посебни и дека ним не им се потребни посебни третмани во институциите, нивната единствена потреба е да бидат третирани рамноправно. Нашите општества мора да научат да се борат против дискриминацијата и да ја гледаат различноста како позитивен елемент за признание и почит. ЕУ постојано и’ помага на Владата за јакнење на капацитетите на институциите и на јавните политики, подобрување на пристапноста на институциите и вработувањето и обезбедува системска поддршка на процесот на деинституционализација, се’ со цел лицата со попреченост да се вклучат во општеството“, порача шефот  на одделот за соработка во Делегацијата на Европската Унија.​

Министерката Шахпаска на крајот информираше дека специјалниот Завод  Демир Капија ќе прерасне во еден современ центар, давател на социјални услуги согласно светските и европските стандарди.

 

Next Post

Алаѓозовски: На хибридните закани ќе одговориме со сите механизми што ги имаме

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk