ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови, се намалува бројот на нови случаи од Ковид-19

May 27, 2021 08:54
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на новозаболени со Ковид-19 се намалува.  Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а кај граѓаните интересот за вакцинација секојдневно се зголемува. Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација.

Во текот на вчерашниот ден почна вакцинација на лицата со ретки болести заведени во Националниот регистар за ретки болести. Вакцинацијата ќе се изведува во наредните неколку дена на вакциналните пунктови во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

-Се вакцинираат и родителите и старатели на малолетните лица од овој регистар кој има околу 60 различни дијагнози на ретки болести. Покрај овие лица ќе се вакцинираат и пациентите со цистична фиброза. Во оваа категорија ќе се вакцинираат и родителите и старателите на малолетните лица со Цистична фиброза, соопшти Министерството за здравство.

Неделава завршува и вакцинацијата на околу 2000 пациентите кои се на дијализа, чекаат орган на листите за трансплантација, имаат трансплантиран орган или и самите се донори.

Во вчерашното деноноќие има 46 новозаразени од направени 3073 тестирања. Регистрирани се 147 оздравени пациенти, а најмногу во главниот град – 73.

Пријавени се вкупно 14 починати лица, осум од Скопје, по две лица од Гостивар и од Кичево и по едно лице од Куманово и Тетово. Од пријавените, шест лица  се починати  во домашни, а останатите осум во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 782.654 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155117, бројката на оздравени пациенти е 147190, на починати е 5356, а бројот на активни случаи изнесува 2571.

Модуларната болница што е во кругот на велешката Општа болница е затворена поради намалениот број на хоспитализирани пациенти. До крајот на оваа недела и модуларната ковид-болница во Кочани ќе биде затворена и во неа веќе нема да се примаат пациенти на кои им е потребна хоспитализација.

Надлежните постојано апелираат граѓаните да се пријават и да се вакцинираат.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 298 и има околу 570 празни болнички кревети во ковид-центрите. Од 298 хоспитализирани, 128 се во главниот град, а во болниците низ земјава 170 пациенти.

 

 

Next Post

Пријава до МВР за говорот на омраза од Петар Богојески

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk