Драгана Гунин, е млада режисерка, активист кој во своето резиме може да наброи бројни активистички перформански кои се залагаат за подобро утре, но исто така и квалитетни драмски текстови кои беспрекорно ги има оживено на театарските сцени. Борбена и гласна за човековите права, Драгана Гунин минатата недела го оживеа и просторот пред Рекорд.
Заедно со три актерки, Владанка Димковска, Емине Халил и Енџи Николовска создаде перформанс за насилството врз жените.
Целиот перформанс “Место за поддршка”, е базиран на истражување, длабоко и суштински исткаени приказни од страна на жртвите, и истите целосно автентично пренесени но во исто време и заштитени пред очите на јавноста.
Идејата и реализацијата течеше совршено, а екипата на Фронтлај.мк беше таму и целосно уживаше во перформансот.
Новинар: В. Д.
Монтажа: Билјана Јордановска
Камера: Атанас Петровски