ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

На revakcinacija.mk ќе се пријавуваат за втора доза „Астра Зенека“ вакцинираните во Србија над 60 години

May 28, 2021 14:11
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за здарвство денеска ќе активира уште една веб-страница (revakcinacija.mk) наменета за пријавување на граѓани над 60 години кои примиле прва доза вакцина „Астра Зенека“ во Србија, затоа што оттаму не може да бидат извезени вакцини за земјава за нивната втора доза.

-Очекуваме околу 20 јуни да има најголем број за ревакцина со „Астра Зенека“. Според нашите критериуми, може да обезбедиме една количина и кај нас од нашите вакцини на „Астра Зенека“ и согласно тоа да го направиме планот, изјави Филипче, напоменувајќи дека се работи само за граѓаните над 60 години бидејќи одлуката на нашата земја е да не се имунизиираат помлади од таа возраст со оваа вакцина.

Додаде дека сертификатите на граѓаните ревакцинирани во Србија се сосема валидни и ги имаат сите технички карактеристики што се бараат на граничните премини, исто како и нашиот сертификат. Во завршна фаза е и изготвување апликација во однос на внесување QR-кодовите за ПЦР-тестовите.

Филипче оцени дека вакцинацијата се одвива добро, со намалено темпо за првата доза зашто деновиве е намален бројот на вакцини, но динамиката повторно ќе се засили од идната недела кога се очекуваат да пристигнат нови пратки.

–  Тогаш се очекуваат да стигнат 20 000 вакцини донација од Грција и 50 000 вакцини од Бугарија. Во јуни се очекуваат вакцини од „Фајзер“ преку нашиот договор за редовна динамика секој понеделник која, веројатно, не од овој туку од наредниот понеделник ќе се зголеми од тие 10 000. Очекуваме и преку КОВАКС-системот и руските вакцини. Така што во јуни, согласно бројот на пријавени граѓани, критична инфраструктура и преку стопанските комори, верувам дека темпото ќе биде исто како што беше на крајот на минатата недела и на почетокот на оваа. Досега се вакцинирани близу 230 илјади граѓани, од кои 60 000 се ревакцинирани, значи вкупниот број дадени вакцини во земјава е околу 300 000. Во сите градови добро се спроведува ревакцинацијата и очекуваме вакцинацијата повторно со темпото од висока бројка на 10 000 граѓани да продолжи од следната недела, рече Филипче.

извор: МИА

Next Post

Европскиот дигитален Ковид сертификат презентиран во Атина

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk