Проценката за производството на медицински канабис во земјава само со актуелните 60 лиценци е преку 250 милиони евра што е 2,5 отсто од БДП. Верувам дека ќе имаме отрезнување од страна на опозицијата за деблокирање на законите во Парламентот. Во моментов бараме решение како да овозоможиме и извоз на цвет кој се употребува од индустријата за препарати за кожа, а има и други намени. Тоа ќе значи флексибилност во производството и привлечност за нови инвестиции, рече денеска премиерот Зоран Заев.
Иновативните идеи го движат светот напред, а јас сум убеден дека сите заедно ќе направиме уште поуспешен деловен амбиент со посветена трансформација на македонскиот стартап еко систем. Заеднички да придонесеме земјава да стане стартап хаб на Балканот зашто веруваме дека тоа е вовед во четвртата индустријализација кон која се стремиме, порача премиерот Зоран Заев, отворајќи го првиот национален старт-ап самит што се одржува во Скопје под мотото „Заеднички влијаеме“.
Комисијата за заразни болести е таа што одлучува, но јас би сакал наставата од септември да биде со физичко присуство ако КОВИД-ситуацијата тоа го дозволува, рече денеска премиерот Зоран Заев. A министерот за здравство Венко Филипче кажа дека Ќе се работи на протокол за новата учебна година и ќе се проценува дали да се вакцинираат и деца.
Претседателот на Италија, Серџо Матарела е целосно солидарен со нашиот став за пристапување на Република Северна Македонија и Албанија во Европската Унија, изјави шефот на бугарската држава Румен Радев по средбата во Рим со неговиот италијански колега. Сите сакаме да ги видиме овие земји на нивниот европски пат што е можно поскоро. Јас многу јасно ја објаснив бугарската позиција дека ќе напредуваме кога самите земји ќе покажат јасно и неповратно дека ги исполнуваат критериумите, рече Радев.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка и координација со Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе и Истражното биро на Министерството за правда на Тајван пресече меѓународен канал за трговија со луѓе.
М. Миткоска