ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Како да се преобрати младината

May 30, 2021 09:24
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

По богатата вечера во некој ресторан на булеварот Сент Жермен, низ улиците на Париз се шетале Алтусер и Лакан. Годината била 1963. И едниот и другиот сонувале за тоа како да ја преобратат француската младина. Алтусер сакал да ја преобрати во некој реновиран марксизам, а Лакан мечтаел да ја преобрати во некое структурно фројдовство.

И двајцата биле поразени: рок културата, пропаста на шеесетосмашката револуција, конформизмот и конзумеризмот, големата впивачка моќ на капитализмот, разорната моќ на медиумите, бодријарските симулакруми на стварноста, лагата за животот односно животот како лага и како одлепеност и спротивставеност на субјектот и на неговата суштина, ги растурија нивните концепти и тие паднаа како бахамски колиби пред атлантскиот ураган.

Јас се шетам со болниот Мајло по височинките над Орешани, по уличката број седум и си мислам: како да ја преобратиме младината во Северна Македонија.

Дали тоа не е пре претенциозно?

Јас не сум Алтусер, уште помалку сум Лакан и немам некој строго дефиниран одговор на прашањето за преобразбата на младината. Но мислам дека прашањето е битно. Односно дека нема поважно прашање за иднината на нашето општество од прашањето како да ја преобразиме младината.

Зашто, верувам дека не е спорно дека таа во овој момент е свртена наопаку.

Впрочем, како и целата заедница.

Всушност, заедница која успеа да се изопачи, односно дозволи да биде изопачена, ја повлече со себе и младината.

Дефиниран одговор немам, но некои идеи или правци, ми се мотаат низ главата. Некои од нив веќе ги имам споделувано, но нема да биде штета ако се повторат.

Првата работа што сум ја ставил како фикс и тоа на прво место на приоритетната листа за промени, е ослободувањето од Македонија.

Има милион други работи, но, ова ми се чини како елемент со концепциски, културолошки и филозофски потенцијал.

Младиот човек мора да се самосоочи или да биде соочен со фактот дека Македонија, ваква каква што ја имаме, е голем хендикеп, низок плафон, страшно ограничување во формирањето и реализирањето на младите луѓе. Јазички, морално, политички, културно, економски, социјално, медиумски, секако.

Свеста за тоа мора да биде ослободена од какви било сентименталности.

Македонија го засилува својот диктат правопропорционално на своето пропаѓање.

Заробеноста на младите е аспект и инструмент на тоа пропаѓање.

Агонијата на робовласникот, ако така можеме да ја означиме Македонија, не го слабее статусот на робот, туку се засилува. Изопачениот систем им сугерира на луѓето, посебно на младите, дека е опортуно и одговорно да се вклучат во спасувањето кое низ актуелните манипулации се претвора во спасување, не на Македонија, туку на нејзината агонија.

Во која одредени структури уживаат како златни рипки во аквариум.

Ослободувањето значи дека Македонија ќе се создава низ човекот, а не човекот низ Македонија. Кога светот ќе почне да ја препознава Македонија во младиот човек, во неговото знаење, трудољубивост, талент, посветеност, лојалност, дела, а не младиот човек да го препознава  како провинциско скотче од една западнобалканска провинција, тогаш ќе ја имаме Македонија како реална дестинација и младиот човек како реална реализација.

Ова што денеска и тука го имаме е кафенска лумперајка. Од факултетите, до медиумите, преку политиката, до културата. Македонската стварност мора да се посматра како што докторите им пристапуваат на болните од ковид, со скафандери на мислата и умот и со големо внимание човек да не се измачка, измачи, зарази и разболи.

Не смееме да дозволиме нови генерации да се арчат на теми какви што се идентитетот, историјата, достоинството, признавањето. Општествената и државна реализација мораат да излезат од тоа ниво и да влезат во друга димензија.

Не постојат идентитети, истории и митови за кои вреди да се гине надвор од квалитетниот живот на луѓето. Бедмислени се историите кои не се влеваат во задоволителни лични истории.

Зошто да го браниме Гоце?

И крушевската ѓурултија на вмро.

Нивните чети.

И да ги трпиме денеска.

Нивната неподнослива тортура.

Секој ден.

Секоја секунда.

Дајте да ги деконструираме за да дојдеме до нова и реална свест за себе.

Легендите не се безначајни во нашето конституирање, но тие се коњи кои во долгата трка, просто, мора да се сменат ако не сакате во пустината на историјата да ве изедат мршојадци и змии.

Историските казани треба да се истурат.

Од главите на митовите може да се направи некоја пача, она што ќе остане да им се фрли на кучињата.

Ако се прегладнети, ако не и тие нема да го лизнат тоа срање.

Мораме да се впишеме со нешто во културната карта на Европа.

Таму нè нема.

И за тоа не се бориме затоа што немаме сила и време од битките за идентитетот.

Кој идентитет?

Да престанеме да одиме по гробовите на сомнителни јунаци, па дури и на вистинските, тоа е така бесмислено, туку на изложби на наши книги и слики во Париз и Берлин.

На седници на телата кои решаваат.

На концерти на добри оперски пејачи, а не на пучисти и фашисти кои ќе ги амнестираме затоа што биле пејачи.

Замислете.

Со други зборови, другари, мораме да се соочиме со фактот на кој укажувам подолго време, имено, дека илинденскиот циклус на Македонија е потрошен, а потрошен е и асномскиот.

Оваа врева што ја слушаме по повод блокадата од Бугарија, а и пред тоа, триесет години од хорот на вмро, на десната страна, пред сè, но и на левиот центар, кој нема сила ментално и политички да го совлада Заев, не е знак на капацитетот за одбрана на тие две етапи во историјата на Македонија, туку знак дека се завршени или се пред исцрпување.

Јас мислам дека тоа е најздравословниот знак за Македонија и за младите луѓе, посебно.

Тоа не е пораз туку исчекор во нова димензија.

Нормален историски развој.

Тоа што формално учени луѓе, професори и професорки, не мислат така или политички неписмени политичари, мислат дека тоа е смрт за Македонија, јас го доживувам како аплауз за идејата да се менуваме. Побрзо и потемелно. Се што во таа насока направи екипата на Заев е историски вредна работа, подвиг, кој покажува дека не само што е можно да се менуваме и да останеме Македонци, туку дека без тие промени, тоа не е можно.

Тоа треба да им се кажува на младите.

А не по цели денови да им парадираат најобични глуперди, лудаци и чипирани идиоти, лигњи и да им кажуваат како тие ќе ја спасувале Македонија.

Таа и таква Македонија е за бутање.

Ги повикувам младите да ја бутнеме и да се ослободиме.

Јас не гледам друга организирана политичка сила која води во таа насока. СДСМ и коалицијата имаат многу слабости и промашувања, но тие ја туркаат работата во единствениот правец на самоослободувањето. Општествениот дискурс мора да остане критичен, се разбира, но мора да води кон обединување на општеството во остварувањето на овие задачи. Вмро е мртво, а ако не е, треба да го умреме. Час поскоро.

 


Текстот е личен став на авторот. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk