„Незаконски е да се вметнува друга боја во дресот на репрезентацијата. Самата федерација ги одредува боите и не е важно кој е претседател на ФФМ, важно е дека законот не се почитува“ изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски во емисијата „Студио 10“ на ТВ24.
„Има закони, се знаат боите во сите репрезентации, има црвена и жолта боја, боите мора да се тие. Се покажа дека дресот не поминува и не е лице на македонската репрезентација, па по реакциите на јавноста дресот се промени“ кажа Мојсоски. Поранешниот македонски ракометен репрезентативец најави дека ќе му биде чест да ги испрати нашите фудбалски херои на арената „Тодор Проески“ пред патувањето на Европското фудбалско првенство „Денеска ќе ми биде чест да ги испратиме нашите херои на ‘Тодор Проески’, да почувствуваат публика и бодрење. Во нивните нозе има потенцијал“ рече Мојсоски.
Д. Е.