ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Целосно ќе се забрани легализација на дивоградби во заштитените подрачја, од денеска без маски на отворено, не може да се споредат градбите за Клинички центар во Србија и кај нас

June 1, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Со новите измени на законот за легализација се воведува целосна забрана за легализација во заштитените подрачја и националните паркови. Во претходната верзија се предвидуваше да има соодветно мислење од националните паркови. За жал граѓаните немаат доволно доверба и сега таму легализација нема, кажа премиерот Зоран Заев.

Не станува збор ниту за нова градба, ниту за капацитет каков што ние планираме да изградиме, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче во врска со обвинувањата што вчера ги изнесе лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека во Србија се гради Клинички центар кој ќе чини многу помалку отколку оној што се планира во земјава. Не може да ги споредуваме тие работи. Јасно стои во физибилити студијата што значи висока комплексност на болница и колку чини квадратен метар, нагласи Филипче.

Од денеска граѓаните ќе можат да се движат без маски на отворено, ќе се дозволи организирање свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, а ќе биде дозволено и присуство на публика на спортски натпревари што се одржуваат на отворено до 30 проценти од вкупниот капацитет на посетители. Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека иако епидемијата спласнува, граѓаните да останат внимателни.

Колку има политички мандат во Бугарија да се донесе оваа одлука пред изборите, каде ќе биде Патоказот и која би била содржината на Патоказот – ова се трите суштински фактори. Нашиот пристап е дека сите карти се ставени за пробив во јуни, но овие три прашања ќе бидат клучни за исходот, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Од денеска граѓаните можат бесплатно да изнајмат велосипед од Општина Аеродром во периодот од 8 до 16 часот секој работен ден. За таа цел, општината става на располагање 10 велосипеди пред општинската зграда, кои можат да се подигнат со оставање лични податоци и телефон за контакт на пријавницата.

М. Миткоска

Next Post

Османи на видео конференциски состанок на Северно-атлантскиот Совет на НАТО

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk