На среден рок, стапките на економски раст ќе надминат 5 проценти, стапката на невработеност ќе се намали на 8,6 проценти, додека стапката на вработеност ќе се искачи на 54,3 проценти, просечната плата ќе расте со просечна стапка од околу 4 проценти, бруто-инвестициите ќе се зголемат до 36,2 проценти во 2026, додека извозот ќе расте со просечна стапка од околу 8,8 проценти.
Верувам дека ќе бидеме мудири, комплетно како што стоиме сите, а посебно Владата во заштита на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, и дека ќе се изнајде конечно решение да направиме исчекор. Правиме се и навистина имаме добра основа низ португалскиот предлог да изнајдеме решение со Бугарија. Ако успее, веднаш на 23 јуни треба да ја имаме првата меѓувладина седница, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
Постапуваме по заклучокот, ги вадиме сите податоци кои ни се потребни бидејќи во заклучокот кој го донесовме на мое барање и на дел од советничката група на СДСМ беше да се води внимание за одредени процеси кои ги имаме започнато. Целата документација ја собираме и постапуваме, изјави денеска градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ
Донесен е Протоколот за организирање на свадби и веселби со строго утврдени процедури за заштита на здравјето на граѓаните
При направените контроли надлежните служби и институции за увозот на мазут во земјава не биле најдени наоди за сулфур поголем од дозволениот еден процент, но се најдени наводи за количина на вода во мазутот поголема од дозволената. Најдени се и несоодветни залихи на мазут. Ќе се прават и анализи за да се види дали земјите кои извезувале за компании во Севрна Македонија го декларирале продуктот како мазут или подоцна бил променет тарифниот број и во земјава влегло како мазут.
Со преку 1,6 милијарди евра во наредните 6 години Владата ќе гради и реконстуира патишта низ целата територија на земјата, соопшти Владата со Интервентниот план за инвестиции 2021-2027.
На прашањето дали стравува од можноста населението да не сака да се вакцинира со оваа вакцина поради фактот што последна беше признаена од СЗО, министерот за здравство Венко Филипче, истакна дека граѓаните треба да имаат доверба.