ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ќе се проверува дали мазутот што се увезувал кај нас бил извезен како мазут и од земјите извознички

June 2, 2021 16:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

При направените контроли надлежните служби и институции за увозот на мазут во земјава не биле најдени наоди за сулфур поголем од дозволениот еден процент, но се најдени наводи за количина на вода во мазутот поголема од дозволената. Најдени се и несоодветни залихи на мазут. Ќе се прават и анализи за да се види дали земјите кои извезувале за компании во Севрна Македонија го декларирале продуктот како мазут или подоцна бил променет тарифниот број и во земјава влегло како мазут.

Владата ги задолжила надлежните институции во наредните седум дена да изготват еден сублимиран извештај во врска со сите направени контроли по што наодите ќе бидат презентирани пред јавноста. 

– Прво, деталните информации ни беа доставени вчера во вкупно шест или седум точки на владина седница каде што реферираа министерот за економија, министерот за екологија, директорот на Царина, директорката на Државниот пазарен инспекторат и директорката на Државниот инспекторат за заштита на животната средина. Тие ги доставија своите извештаи. Владата даде дополнителни задолженија во рок од седум дена да се изготви еден сублимиран извештај за да може и јавноста полесно да го сфати. Не се најдени наоди за сулфур поголем од дозволениот еден процент, но се најдени наводи за повеќе количина на вода од дозволената во мазутот. Најдено е дополнително прашина или не знам тој дел што е недозволив во делот на мазутот, најдени се несоодветни залихи коишто се пропишани по Законот и по Правилникот од Министерството за економија и соодветно на тоа самите инспекторати издаваат решенија, а секако и ги препраќаат до други институции како што е РКЕ надлежна да ги контролира неопходните залихи, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Тој информира дека Владата по дискусијата по ова прашање дала дополнителни задачи како што се потребата да се направи компаративна споредба на тоа што е излезено од земјите преку токму овие компании увознички и тоа што е влезено.

– Така што, ако влегол мазут кај нас дали излегол од земјите извознички како мазут, дали е тоа масло или не знам какви други тарифни броеви или слично да се утврди токму и тоа за да не се случи манипулација и да се извезува од одредени земји одреден продукт по одредена тарифа, попатно патувајќи да се сменат самите царински документи и декларации, па да се увезе мазут, тоа е исто така многу важно. Ја испраќа пораката. Драго ми е што се бараат дополнителни начини за да има контрола, односно механизми како да се направи контрола на структурата на нафтата и на нафтените деривати и да не полагаме само надеж на приватни лаборатории, туку и на нашите државни лаборатории, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање по увидот во изградбата на детска градинка во општина Аеродром.

Премиерот најави дека конечниот сублимат ќе го соопштат за седум дена, на следната седница на Влада.

– Следниот вторник кога ќе биде даден еден сублимат само од царина на овие прашања и еден сублимат од сите институции, тоа се трите – двата државни пазарен инспекторат и Царина и двете министерства – екологија и економија како еден заеднички сублимат за да може да и се соопшти на јавноста, рече премиерот Заев. 

извор: МИА

Next Post

САД ќе го детализираат планот за глобална дистрибуција на 80 милиони дози вакцини

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk