ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Владата може да препорача, но не и да одлучи за цената на струјата, вели Битиќи

June 2, 2021 13:46
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска изјави дека како Влада ќе препорачаат да нема зголемување на цената на струјата, но оти не можат да донесат таква одлука.

– За зголемување на цената на струјата би требало да оставиме на Регулаторната комисија за енергетика. Ние како Влада работиме, слушаме и ги следиме состојбите и ќе препорачаме да нема зголемување на цената на електричната енергија, но не можеме да одлучиме. Регулаторната комисија за енергетика одлучува за цената. Но, ќе работиме на подобрување на состојбите во енергетиката, на вложувањето во обновливи извори на енергија, во живеење зелено. Секако, живеењето зелено значи дека еден ден ќе мора да платиме повеќе, но јас како граѓанин сум подготвен да платам повеќе кога се работи за здравјето на мојот син, изјави Битиќи по посетата на компанијата „Пејпер мил“ во Кочани.

Задоволен е што сите трендови во економијата се позитивни – индустриското производство во четвртиот месец е зголемено 46 проценти и е скоро на исто ниво како во 2019 година која се смета за една од подобрите години, а, како што посочи, добри резултати има и во делот на приходите.

– Од аспект на собирањето на приходи имаме феноменални добри резултати. Споредбено со 2019 година во приходи од ДДВ, од Данок на личен доход, акцизи, царина итн. веќе сме на неколку отсто повисоко од истиот период во 2019 година. Во првите три месеци од оваа година споредено со првите три месеци претходната година кога март половина месец немавме пандемија, ние сме на 22,8 отсто по зголемени приходи. Имаме за 200 милиони повеќе приходи во буџетот отколку што ги планиравме заклучно со вчерашниот ден, нагласи Битиќи.

Додаде дека состојбите се следат и доколку е потребно ќе бидат креирани дополнителни мерки за да се помогне.

– Кога е тешко треба да се помогне, кога е лесно секој си знае сам, рече Битиќи.

Во однос на јавниот долг, рече дека проекциите се оти до 2025 година тој ќе се одржува на ова ниво, а потоа постепено ќе почне да паѓа затоа што се очекува БДП да расте со стапки многу повисоки од тоа што би требало да расте јавниот долг.

– Нашите граѓани и нашите деца не треба да се грижат за зголемување на јавниот долг се додека средствата коишто ги земаме ги носиме за нивната иднина, за подобар живот. Ние тоа го докажавме и тоа ќе го правиме. И затоа поцврста и појака економија значи помоќна да се справи со последиците од евентуалното нови задолжувања. И тие одат заедно секогаш, рече Битиќи.

За Интервентниот инвестициски план посочи дека е план во кој се интегрирани инвестиции во повеќе области за подобар живот на граѓаните. На коментарите дека планот содржи стари проекти, Битиќи со став дека може да има стари проекти, но прашањето е зошто тие досега не се направени.

– Подобро во 2025 година да зборуваме за тоа кој ќе биде исходот од овој интервентен план за инвестиции наместо сега да се занимаваме. Да седнеме сите заедно и да си подадеме рака, порача Битиќи.

извор: МИА

Next Post

Даштевски: Вчера е објавен нов тендер за терминали за отпечатоци од прсти за локалните избори

Shortcut

Најново

Израел: Преброени над 95% од гласовите, Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk