ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Баута Шаќири: Во контактот со себе ќе видиме дека стапуваме во контакт со различни луѓе

June 3, 2021 16:28
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Во последниве 5 години сум активен студент по психотерапија и тоа ми помага за искрено да ги сфатам работите кои сум ги правела порано и ми доаѓале природно, сега им се дава теоретска позадина, за да се поткрепи тоа и да се види што точно се случува. Кога зборуваме за мултикултурализам, недискриминација, за прифаќање на различностите, за живеење со сите заедно од психолошка гледна точка, тоа може да се види како потреба за контакт“ истакна Лиса Баута Шаќири на јавниот настан на ЦИВИЛ на тема „Можеме ли заедно?“

Ние имаме длабоко всадена во нас потреба за контакт и таа дури се поистоветува со потребата за јадење, пиење и контактот сам по себе се случува помеѓу границите на две личности, каде завршувам јас, каде започнуваш ти и тука се случува нашиот контакт.

Во контактот со себе ќе видиме дека стапуваме во контакт со различни луѓе. Тоа што би се викало поларност, внатре во нашето битие можеме да бидеме различни. Различно реагираме на убави нешта и различно реагираме на неубави  нешта, и по тој природен пат учиме како да ги прифатиме различностите, прво пред се, во себе а потоа и во контакт со другите.

Кога ние разговаравме за темата дека соживот треба да има, тоа некако, јас мислам дека не враќа во 1945 година кога беше братство и единство и ние треба да живееме сите заедно.  Тоа е некој поим кој што е наметнат како таков, а ние уствари природно го имаме тоа дека можеме и сакаме да живееме заедно.

Сега во општествена смисла на соживот и живеењето со различните без разлика дали различноста се состои во елементи на вера, нација, сексуална определба или вид на идеологија, или има да речеме групи на Фејсбук Chocolate Lovers или Strawberry Lovers, било на која база да е различноста, ние треба да живееме заедно, и верувам дека тоа наметнување довело да ние живееме во ист простор, меѓутоа живееме еден покрај друг, како две, три или пет паралелни општества, ако ги видиме пример во сексуална смисла, ние сме или стрејт или ЛГБТ, или сме православни или сме католици, пак две паралели, и цело време ние само се делиме по милион основи и живееме заедно меѓутоа се разминуваме еден со друг. А тоа што природно налага е да живееме сите заедно, да ги негуваме различностите, да има трансфер на информации кои што на крајот од денот го оплеменуваат еден човек како индивидуа пред се, што е и најбитниот елемент во општеството.

Има нешто интересно кај јазиците, јас тоа го приметувам кај мене. Јас говорам на пет јазици и приметувам дека кога зборувам на турски сум многу фина, кога зборувам на македонски сум малку по груба, на албански има друго нешто од мојот карактер е во прв план, на англиски секако се прилагодуваме на стандардното зборување и стандардните манири кои што ги наметнува самиот јазик, и сфаќам дека сите овие јазици во себе носат култура, и самите дијалекти на нашите јазици, на пример Северна Македонија е позната по тоа дека албанскиот јазик можеш да го најдеш во повеќе варијации, истото важи и за македонскиот јазик. И приметувам како во различни покраини кај нас има некои изрази, некои изреки кои само на нивниот дијалект можат да се кажат како такви и отсликуваат некаква карактеристика на луѓето кои живеат во тоа географско подрачје.

Кога ние би се отвориле кон сите можни јазици, ние како карактери би биле отворени кон  сите тие култури, затоа што јазикот освен што е начин на комуникација, исто е и начин да ти сфатиш како функционира едно општество или еден човек без разлика кон кого е фокусот поголем. Кога би се отвориле на тој начин, ние би биле побогати како личност. Јас секогаш тргнувам од индивидуата, и секако ова може после да се отслика во целото општество.

Долго време се трудам да сфатам кои се тие луѓе кои што сакаат поделби. И јас верувам во доброто во луѓето. Потребата за делба доаѓа од стравот од непознатото. Не познавам човек, а познавам многу луѓе, кои што биле во контакт со различни и ги мразат.

Јас мислам дека целата таа омраза се состои во некоја предрасуда што е импонирана од, не знам дали е од родителите, од општеството, од другари и така натака, меѓутоа верувам дека тие луѓе кои што еве ги слушаме по улици, на утакмици, ги слушаме како за цела една нација имаат дури и убави песни, мелодични, посакувајќи смрт, тие немале контакт со пријател од другата страна. Кога би наметнале да речеме начин во образованието од најмали нозе да децата растат мешани, ќе почнат, знаете како, кога имаше некои хомофобични изјави ќе каже, не ги сакам ама другар ми е таков, па сега јас ради него јас нема да кажам лош збор против нив. И тогаш децата ќе почнат, јас имам едно другарче различно, врз не знам која основа, и прифаќајќи го него, ги прифаќам сите слични како него.

Јас не можам да ги прифатам фашизоидните луѓе, без разлика дека тој е геј, а сум ги прифатила геј луѓето или ги сакам. Ова прифаќањето ми звучи лошо, како да сум јас некој авторитет кој може да даде дозвола. Јас ги сакам тие луѓе но има особини кај одредени личности кои јас не ги сакам. Со запознавање и со размена самото природно ќе се случува.

Јас моите деца никогаш не сум ги учела дека треба да ги сакаат различните. На 11 месеци јас го пратив моето дете во градинка, каде сите се македонци освен моето дете, и тука веќе нема простор за муабет, тогаш природно му доаѓа. Сега моето дете се префрла во друго школо, каде што и расни различности има, и јас коментирам, колку беше симпатично тоа црното дете, и децата ми велат ти си расист, бидејќи никогаш не ме чуле да кажам, тоа белото дете. И сега јас се трудам да им објаснам дека бидејќи се сите бели, тоа белото дете не е карактеристика која би го издвоила. Така само можеме да се соединиме, никако поинаку.

Ирена Крџиќ / ЦИВИЛ МЕДИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Телеграм канал на Регионалната воена управа на Одеса

Пет лица, меѓу кои и деца, повредени во масовен руски напад со дронови врз Одеса

July 3, 2025
Српска жандармерија насилно пред Правен факултет во Белград. Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

July 3, 2025
Фото: Влада на РСМ

Азизи: Одобрени 829 проекти од околу 15 милијарди денари за патишта, училишта, градинки, спортски сали и водоводни и канализациски системи

July 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи стави розови очила за читање на ребалансот на буџетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кос: Ситуацијата е јасна – откако ќе се направата уставните промени веднаш започнуваме со меѓувладина конфернција без било какви дополнителни политички условувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (АУДИО) Руски офицер признава дека го соборил азербејџанскиот патнички авион, според протечената изјава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk