ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вечерен преглед: Струга ќе ги „депортира“ питачите од другите градови, владата исполнила 93,5 отсто од критериумите за транспарентност

June 3, 2021 20:49
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Технологијата има потенцијал да ја подобри демократијата, да ја зголеми нејзината ефикасност, да ја направи поотворена, поодговорна, потранспарентна и поприсутна за граѓаните, за бизнисите, за сите нас. Но, од друга страна, технологијата може да се манипулира и може да се користи за злонамерни цели, посочи министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири на средбата со претставници од повеќе министерства.

Комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, денеска изјави дека е потребна „позитивна трансформација на медиумското опкружување“ во земјите од балканскиот регион и дека Брисел им придава големо значење на реформите во медиумите во процесот на проширување.

Се обидуваме тие принципи да ги аргументираме и пред Бугарија и пред нашите пријатели. Правдата е само еден од принципите, но ги има многу принципи кои ја имаат заштитено европската идеја во последните 75 години. При сите бранови на ширење на ЕУ имало обиди за наметнување на билатерални прашања, за кочење на процесот, но секгаш Унијата излегла посилна при тие пречки и секогаш успеала. Тоа го направила врз основа на почитување на принципите, вели Османи во гостувањето на емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 вести.

Струга ќе го решава проблемот со големиот број питачи во градот. На стартот на летната сезона градоначалникот најави „депортирање“ на сите питачи  од другите градови. Анализите на полицијата и Центарот за социјални работи покажале дека најголемиот број од ранливите граѓани се од Централна и Источна Македонија, кои во текот на летниот период, доаѓаат на питачење во туристичка Струга.

Па кога веќе се бавиш со актерство, и кога осознаваме различни луѓе со различни навики, различни од нас самите, од позитивни страни до негативни, бидејќи некогаш ќе играме девици но некогаш ќе играме и убијци, па и убијците треба да ги разбереме на сцена. Тогаш разбирам дека во сржта, сите луѓе се исти, баш кога ги спремам улогите, и дека сите позади нас имаме некакво минато кое не тера на некакво однесување. И доаѓаме до тоа дека мене актерството впрочем секојдневно ме учи да ги почитувам различностите, ме учи дека сум дете на светот, дека искрено за мене лично како Владанка не постојат нации, не постојат поделби, бидејќи на крај на денот сите сме од крви и месо, сите плачеме и се смееме на ист начин и еднакво не боли„  истакна  актерката Владанка Димковска на јавниот настан на ЦИВИЛ на тема „Можеме ли заедно?

Активната транспарентност на Владата во 2021 година изнесува 93,5, а заедно со министерствата и општините изнесува 63 проценти и е подобрена за пет процентни поени во однос на минатата година, покажува годишното рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност што го изработува Центарот за граѓански комуникации.

Дел од документот на бугарското Собрание се оспорување на генезата и посебноста на македонскоит јазик, ревизија на историјата и периодот на нашата антифашистичка борба, како и присвојување на важни личности од македонската историја како бугарски и уште редица отстапки кои се погубни за Македонија, напиша Мицкоски на Фејсбук.

 

Next Post

Министерката Царовска на концерт на наградувани ученици во Кочани

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk