ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Нуредини за статусот на Охрид од УНЕСКО: Не треба да дозволиме да се најдеме на листата на загрозено богатство

June 4, 2021 20:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Слушнавме уште еден аларм, треба да сфатиме дека ова е сериозно предупредување и ние како централна и локална власт мора да направиме се што е потребно за да го заштитиме статусот, не само за нас, туку и за иднината на земјата. Тоа е најголема туристичка атракција во нашата земја, смета министетот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во врска со извештајот на УНЕСКО за Охрид и езерото.

Во Дневникот на ТВ Сител тој рече дека по една и пол година од посетата на експертите од УНЕСКО кои направија извештај, има придвижување напред и соработка со локалните власти.

– Она што го работиме заедно со министетствата за култура, транспорт и локална, и со општините Охрид, Струга и  Дебрца е со цел да не се најдеме на таа листа на загрозено богатство. Не треба да го дозволиме тоа. Како поединци, но и заедно треба да направиме се што е можно да го спречиме тоа, истакна Нуредини.

Посочи дека МЖСПП има листа на дивоградби, но не е надлежно за нив. Дел од објектите се урнати, рече, но многу повеќе треба да биде завршено.

– Многу е јасно дека она што било изградено нелегално е илегално и не треба да биде таму. Многу е направено на хартија, работи кои чинат пари, но правиме се што можеме и тоа не смее да остане на хартија. Сите кои се вклучени мора да си ја завршат работата за да се реши ова, рече Нуредини, според кого надлежните институции мора да бидат присутни на терен и заедно со локалните власти да ги решат тие проблеми зашто, како што рече, дивоградби имало, има и ќе има.

За негирањето на струшкиот градоначакник Рамиз Мерко дека има такви градби во неговата општина, министерот одговори  дека треба да се оди на терен за да се види дека крајбрежјето нема дивоградби.

– Јас разговарав со него и тој ми рече дека нема дивоградби покрај езерото. Мислам дека има и други власти, инспектори кои треба да одат и да разговараат за да видат дали е навистина така. Ако е така, мора да се расчисти, ако не е така, тогаш заедно со него и општините треба да го решиме. Не треба да ги двоиме општините, сите се заедно во ова. УНЕСКО не вели дека е проблем на општините, туку вели дека има дивоградби во зоната на езерото. УНЕСКО не кажува каде точно се тие. Тоа е наша работа како држава, ние мора да го утврдиме, рече Нуредини, додавајќи дека и од неговата партија ДУИ и од Владата има разбирање дека се треба да биде направено за да се спречи загрозување на статусот на Охрид.

Министетството со кое раководи е надлежно за аспектот животна средина и до денеска успеало да го стави Студенчишко Блато под привремена заштита.

-Охридското Езеро и Студенчишко Блато ги ставивме на листата на заштитено богатство на РАМСА. Дополнително работевме со локалните институции за тие да одговорат на нашиот план пред една и пол година. Неспорно е дека има уште многу работа, треба да сработиме повеќе, додаде Нуредини.

извор: МИА
Next Post

Вечерен преглед: Не треба да дозволиме да се најдеме на листата на загрозено богатство, што ќе соопшти ДУИ на 5ти Јуни?

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026
Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk