ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Што ќе ни соопшти ДУИ на 5 јуни?

June 4, 2021 18:39
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЏАБИР ДЕРАЛА

Заеднички кандидат на СДСМ и ДУИ за градоначалник на Скопје е главната шпекулација која се шири во медиумите, по најавите дека ДУИ подготвува „нешто големо“. Билбордот на кој пишува „Нешто добро доаѓа“ беше погрешно преведен како „Нешто големо доаѓа“. Истиот слоган се појави и на маичките на вицепремиерот Артан Груби и министерот Крешник Бектеши. Значи, да повториме, преводот е погрешен, се најавува нешто добро, не нешто големо. И како и во секоја добра кампања од овој вид, информациите се блиндирани.

Дали затоа што се „изгубија во преводот“, дали затоа што одвај чекаат да чепкаат по меѓуетничките односи или нешто трето, дел од политичките и медиумските духови силно се возбудија, пресилно. Со денови трае „истрагата“ во јавноста, желна да дознае за што се работи, иако Фејсбук и Твитер мудреците веќе ги дадоа сите „релевантни одговори“. Во меѓувреме, лавини осуди за „предавството“ на СДСМ, споредби со изборната кампања на ДУИ „Псе јо?“ на предвремените парламентарни избори во 2020 година за „прв премиер Албанец“. Па твитови, па Фејсбук коментари, па „анализи“, што ти не… Па распад на владината коалиција, па криза, па потоп, па астероид… Не сретнав, но нема да ме зачуди ако се спомнала и „Тиранската платформа“.

Без да ја открие мистеријата, премиерот Зоран Заев елегантно ги разби шпекулациите.

„Не, воопшто не е разговарано за таква работа за заеднички кандидат или компензации или нешто слично. Се работи за политичка платформа, перспективи, иднина…“, изјави Заев во одговор на новинарско прашање на настанот по повод пуштањето во употреба на експресниот пат Штип-Радовиш.

Кога ќе размисли човек, на почетокот на јуни да се разговара за кандидати за градоначалник и да се носат решенија, некако е прерано. Иако актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, веќе објави дека тој ќе се кандидира за втор мандат и дека тоа „нешто добро“ од ДУИ не се однесува на него. И Али Ахмети, во последен миг, ги демантираше шпекулациите, сигурно следејќи насоки од кампањата со која прво се возбудуваат духовите, а потоа полека се насочува вниманието кон вистинската насока.

Си велам, ајде и јас да се вклучам во „истрагата“. Да барам да ми ја откријат тајната мене, кога веќе никој не го добил одговорот досега, беше излишно. Се обидов самиот да соберам два и два. Го погледнав дизајнерското решение на „загадочната“ кампања. Гледам, на зелена основа напишано: Diçka e mirë po vjen, во превод, како што напишав: Нешто добро доаѓа. 

Добро, 5 јуни е роденден на ДУИ. Оваа година, политичката партија која се изнедри од воениот пожар во 2001 година, станува полнолетна. Но, дали тоа е главната поента на кампањата? Гледам, слоганот е на зелена основа. Дел од „креаторите“ на Фејсбук јавноста во зелената боја гледаат боја на исламот и се палат како хепо коцка покрај скара. Хм, ДУИ може да биде многу работи, но на партискиот врв не може да му се припише промоција на исламскиот фундаментализам. Што друго може да биде?

Е, па да, 5 јуни е и Меѓународен ден на планетата Земја. Нормалните луѓе на зелената боја секако гледаат како на симбол на екологијата, на заштитата на животната средина, на зелените вредности и најсовремените достигнувања во развојот во политиката, општеството, економијата…

Собрав „два и два“ и си реков: ова е добра кампања, мајсторски изведена, а мора да се однесува, освен на роденденот на ДУИ, на „зазеленување“ на партијата. Тоа е одговорот. Едноставен е. И тоа, без сомнение, треба да биде „нешто добро“, а ако навистина се спроведе, ќе биде и „нешто големо“, па и за погрешниот превод нема зошто да наоѓаме некои посебни забелешки.

И така, кампањата на ДУИ, со едноставни и јасни потези, придружени со неопходната доза на тајност, стана една од главните теми во јавноста. За жал, уште еднаш, тоа „нешто добро доаѓа“ им послужи на латентните и ноторните националисти како изговор да ја разгорат нетрпеливоста. Притоа, не се потрудија ни да го преведат слоганот прописно. По „големото откритие“ на Денот на планетата Земја, секако ќе има и реакции од типот „тресла се гора, родио се миш“. И ќе се забошотат сите дезинформации и говорот на омразата од Фејсбук и Твитер „мудреците“. Како и секогаш.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

July 10, 2025

Мерц: Германија е подготвена да купи американски системи „Патриот“ за Украина

July 10, 2025

ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина

July 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија заглавена – Албанија чекори напред: Владата на Мицкоски го блокира европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државата во пламен, Мицкоски и ДПМНЕ си тераат партиски агенди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk