ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ходаи: Изработен е нов концепт за полагање на државна матура, постојниот според институциите е пародија

June 5, 2021 18:29
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

“Непречено и без никакви проблеми заврши полагањето на првиот екстерен испит од државна матура, се што беше постигнато како договор со Министерството за образование и наука беше испочитувано“, оцени Бленди Ходаи претседател на Сојузот на средношколци на Македонија.

Ходаи  изјава за медиумите ја даде откако и самиот екстерниот испит на неговиот, мајчин албански, јазик го полагаше во Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

„И самиот се уверив дека сѐ што беше договорено се испочитува. И материјалот кој се предаваше преку онлајн настава не беше застапен во прашањата на државната матура, туку имаше материјал претежно од наставната програма која ни се предавала додека сме биле физички присутни во училиштата, а и тоа беше дел од нашето барање. Задоволни сме од тоа што го постигнавме и ова е навистина почитување на договор, а не како некои договори само се потпишуваат а не се реализираат во пракса“, изјави Ходаи.

Во средните училишта во Тетово денеска првиот испит од државната матура ја полагаа 1256 ученици. Тие беа најгласни и највеќе даваа поддршка на бојкотот на Сојузот на средношколци, преку кој се бараше промена на начинот на полагање на државна матура. Што со изгубениот материјал додека траеше бојкотот од Секторот за јавни дејности при Општина Тетово со одговор.

„После секој бојкот следуваат и тие процедури кои треба да се почитуваат,  за надоградување или пополнување на оние работи кои што не беа реализирани за време на бојкотот. Тоа што ќе биде предложено од Бирото за развој на образование ќе биде испочитувано во нашите училишта“, рече Ахмед Ќазими раководител на Сектор за јавни дејности при Општина Тетово.

Ходаи вели дека голем дел од средношколците не се согласуваат и со овој концепт на полагање на државна матура. Договорен е нов заедно со надлежното министерство, а во процесот била вклучена и Светска банка.

„Институциите зад камера велат дека оваа матура е пародија, а во тој нов концепт ќе има повеќе предмети за полагање, за да го дигнеме квалитетот на образованието и исто така да се одвојат тие ученици кои сакаат да продолжат на факултет, рече Ходаи.

Новиот концепт на полагање на државна матура се очекува да започне по две години.

Зоран Димовски

Next Post

Приведен дилер на амфетамин и марихуана во Карпош, пронајдена дрога

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk