Мислам дека многу набргу, наредните 10-тина дена би требало да се случи. Нема да има премногу изненадувања. Стандардно тоа што го покажавме е дека домаќински се грижиме за јавните средства. Таму каде што навистина нема можност да се спроведат одредени проекти, ќе се скратат и ќе се алоцираат средствата. Секако може да се алоцираат и во сегментот на поддршка на стопанството затоа што одредени показатели покажуваат дека можеби ќе треба уште еден период да има мерки.
Без доцнење, со почитување на протоколите денеска над 15 000 матуранти го полагаа првиот, екстерен испит по мајчин јазик, во рамки на задолжителната државна матура. Полагањето почна во 10 часот, со физичко присуство од училница, иако цела учебна година матурантите следеа настава онлајн, со исклучок на малкумина од стручните училишта.
По повеќедневните едноцифрени бројки кои се движеа од пет до девет новозаразени, во последното деноноќие во Албанија потврдени се само два нови случаи со Ковид-19, од направените 3.593 тестирања, што е 0,05 отсто од тестираните, јави дописничката на МИА од Тирана.
И самиот се уверив дека сѐ што беше договорено се испочитува. И материјалот кој се предаваше преку онлајн настава не беше застапен во прашањата на државната матура, туку имаше материјал претежно од наставната програма која ни се предавала додека сме биле физички присутни во училиштата, а и тоа беше дел од нашето барање. Задоволни сме од тоа што го постигнавме и ова е навистина почитување на договор, а не како некои договори само се потпишуваат а не се реализираат во пракса“, изјави Ходаи.
Скандалозна аудио снимка, каде според објавувачот главен херој е функционерката од ВМРО-ДПМНЕ, Јелена Жугиќ, осамна на „Јутјуб“. Во снимениот разговор може да се чуе како претседателката на Градскиот комитет на Унијата на жени од опозициската партија тврди дека ВМРО-ДПМНЕ е на раб на пропаст, доколку не извојува победа на претстојните локални избори. Федерализација и бегалски кампови се исто така темите кои може да се чујат од женскиот глас, зад кој, според објавата, стои Жугиќ.