ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(Видео) Заев – Шилегов: Намалувањето на загадувањето е резултат на заедничка акција на сите

June 5, 2021 12:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На одбележувањето на Светскиот ден на заштита на животната средина, Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, и премиерот на Владата на РСМ, Зоран Заев, присуствуваа на акцијата на Град Скопје за расчистување на поранешниот полигон за обука на возачи под Кале. На акцијата присуствуваа и Директорката на УЈП, Сања Лукаревска и Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски.

– Денеска заедно со Премиерот и претставници од Владата го одбележуваме Светскиот ден на заштита на животната средина. Не случајно ја одбравме оваа локација, која изминативе три години беше предмет на анализа на Град Скопје и УНДП како дел од проектот „Отпорно Скопје“ и изготвени се две студи: Студија за
озеленување и пошумување на подрачјето на Град Скопје и Студија за ерозија и акциски план на Град Скопје. Оваа локација-ридот на Кале е една од најкритичните точки на градот во смисла на ерозија и согласно таа студија во изминативе две и пол години, Градот Скопје во соработка со УНДП има засадено над 11.500 садници со цел спречување на ерозивните процеси. Сакам да најавам дека оваа локација
во иднина ќе биде во фокус на градот во смисла на уредување на јавниот простор. Овој простор треба да премине во организирано паркирање, но и да се изградат нов памптрак полигон, скејт парк, кошаркарски игралишта со цел овој простор кој во минатото беше сериозно девастиран и заборавен од градските власти да го ставиме во употреба на Скопјани. Со уредувањето на овој простор, кој локациски се наоѓа во непосредна близина на Градскиот парк, и воведување организирано паркирање планираме да го направиме многу подостапен пристапот до Градскиот парк, забавниот парк, Зоолошката градина. Во оваа прилика сакам да апелирам до скопјани, особено граѓаните што доаѓаат од Аеродром, Ново Лисиче, Бутел и Чаир наместо да одат да паркираат пред ЗОО Скопје да го користат овој простор, којшто сега е слободен за паркирање, исчистен и релативно безбеден – рече Шилегов.

Градоначалникот Шилегов истакна дека зеленилото во Скопје, здравата животна и јавната чистота средина се императив за него, градската администрација и Владата и дека и понатаму посветено ќе се работи на подобрување на животната средина и јавната чистота во градот, но и на територијата на целата држава.

Премиерот Заев истакна дека Светскиот ден на животната средина се одбележува со активности кои имаат за цел да поттикнат постојана грижа и акции за чиста и здрава околина и секојдневие.
– Оваа година им се придружив на активностите што по повод овој ден ги организира Град Скопје кој продолжува да го реализира „Акцискиот План Скопје Зелен Град“, проект кој во фокусот ги стави решенијата за предизвиците за заштита на животната средина и создавање на одржлив развој на градовите. Факт е дека како резултат активностите на овој проект и на низата други значајни сеопфатни проекти оваа година не разговараме за загаден воздух во главниот град, односно имаме огромно намалување на бројот на денови со надминати концентрации на Пи-еМ честички. Некои ќе се повикаат на времето, климатските промени, но факт е дека намалувањето е и резултат на заедничка акција на сите.
Резултат е и на зголемената свест кај граѓаните, која е на највисоко ниво до сега и е дополнителен поттик за оваа Влада да продолжи со еколошките проекти како што беше замената на загадувачките печки на дрва и на фосилни горива со еколошки чисти инвертери во Скопје и во неколку други градови – рече Премиерот Заев.
Премиерот Заев истакна дека во Скопје веќе се надминати 100 километри добро организирани велосипедски патеки и стануваат многу препознатливи одделните велосипедски и пешачки зони долж улиците и булеварите проследени со зелени појаси, како и дека во градот Скопје има повеќе зеленило, ослободени дрва, поставувани се зелени бариери помеѓу пешаците/велосипедистите и возилата,
нови паркови, зелени кровови, а граѓаните, особено помладите, сѐ повеќе користат превозни средства кои не загадуваат како велосипеди или електрични тротинети.

Next Post

Заев: На Светскиот ден на животната средина веќе не разговараме за загаден воздух како резултат на сеопфатни акции на сите засегнати страни

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk