ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

До Јелена Жугиќ, отворено

June 6, 2021 13:28
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ

Скопје од секогаш бил главен град на Македонија, ама никогаш не бил град само на Македонците, на оние со национално верска определеност како Македонци христијани. Во Скопје отсекогаш живееле, се раѓале, растеле луѓе од речиси сите вери и нации на овие простори. И Турци, и Срби, и Албанци, и Бошњаци, и Власи, и Роми, и Торбеши, и Грци, и Бугари. Скопје отсекогаш бил симбол на национални и верски различности, во кој се споделувала само скопскоста, и на тој начин ќе продолжи да се развива во иднина.

Никој, драга Јелена Жугиќ, од 1944 до денес, не го окупирал Скопје за да го освои, за национално односно верски да надвладее, за да наметне свои правила и принципи врз останатите кои се во малцинство, за да администрира врз база на националистички основи. Скопје отсекогаш ги отворал портите за секој добронамерник, и никогаш не поставувал ограничувања од каков било вид, освен, од барањето почит кон градот, кон неговите традиции преку кои ја пренесува скопскоста, цивилизираноста, градскоста. Скопје е слика и прилика за мултиетничка средина со векови наназад, град кој со секое свое однесување наметнува почит кон различните и по вера и по нација…

Го преслушав тонскиот запис од твое обраќање, некаде, претпоставувам на некоја трибина каде ја започнуваш твојата кампања за градоначалничка на Скопје, и морам веднаш да ти кажам дека, не само што се самоубиваш, туку, со ваквите националистички реторики, настапи, од типот, „Бутел го окупираат Албанците“, па, „го изгубивме Чаир, ќе го изгубиме и Бутел“, длабоко се самозакопаваш без шанса да воскреснеш некогаш, да се појавиш од пепелта како Феникс.

Не, Жугиќка, ти не си скопјанка, ниту некогаш си била. Ти не само што не го познаваш твојот можеби роден град, ти, Јелена, благе везе немаш што зборуваш, пардон, што баљезгаш. Тоа, што можеби сите скопјани не треба да го дозволат, е нападот на Скопје од вакви националистички души, шовинисти и фашисти, кои, најголемото богатство на Скопје, мултиетничноста, различните вери, соживотот и градскоста, ја користат како лоша појава, како окупација, како цртање граници, во кампања за прв човек на Скопје…

Јелена Жугиќ, најголемата штета за Скопје сте вие од ДПМНЕ, исто како и за Македонија, затоа што, и Македонија и Скопје највеќе страдаат од окупацијата на „сељачизмот“, лажниот патриотизам, и екстремен национализам. Ти, со ваквата реторика, си најголемата опасност за Скопје. Живеам во Бутел речиси 60 години, живеам со Албанци, Бошњаци, Турци, Македонци, Срби, Торбеши, Роми, од ниту еден од нив не сум загрозен, како од концентрацијата на национализмот кој го шират ваквите како тебе, ДПМНЕ-овци…

Скопје е музика, поезија, љубов, звук на камбани и пеења од минариња, Скопје е мирис на липи и анамска рака, на јорговани и багреми…

Ќе ти речев да се засрамиш, ама ти не си права скопјанка за да допре до тебе таква порака, па го прашав Пајо да ми каже што да ти речам. Ми рече: Батали ја Боки…

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Next Post
Фото: МИА

Денеска се регистрирани 10 нови случаи на Ковид 19, 332 оздравели, починати се 7 лица

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk