ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Панел дискусија „Како до родова еднаквост во фудбалот“

June 7, 2021 17:27
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Родовите стереотипи, стигмата, неадекватниот и нееднаков пристап до ресурсите, недоволно жени на раководните функции и малата медиумска покриеност се само дел од предизвиците и проблемите на кои што се изложени жените во фудбалот. Ова го покажа денешната панел дискусија „Како до родова еднаквост во фудбалот“, која ја организираше Владата на Република Северна Македонија.

Сметаме дека е многу важно да зборуваме за ова јавно и да видиме како заеднички можеме да креираме можност фудбалот да биде еднаков спорт за сите и сите заинтересирани девојчиња, девојки жени, да имаат еднаков пристап до женски спортски клубови, истакна Силвија Митевска, советничка за спорт во Владата.

Дополни дека креирање на родово еднакви политики во спортот и поголема застапеност на жени на раководни функции, онаму каде што се креираат политиките на спортот е еден од приоритетите на Владата на РСМ.

На настанот присуствуваше и капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, кој побара да се посвети поголемо внимание на женскиот фудбал.

Долги години сум во Италија. Последните години таму женскиот фудбал оди во нагорна линија. Италијанците женскиот фудбал го гледаат исто како и машкиот фудбал. Многу внимание се посветува на женскиот фудбал. Во Македонија треба да посветиме внимание на инфраструктурата. УЕФА во последно време многу се залага, а тоа треба Фудбалската федерација на Македонија да го искористи за развој на женскиот фудбал. Мене ми е интересно да гледам натпревари од женската лига во Италија. Затоа треба да почнеме од нас, да го смениме менталитетот и да гледаме женски фудбал, изјави Пандев.

Тој посака еден ден и нашата женска репрезентација да се пласира на едно Европско првенство.

Ангела Рајчевска, фудбалски судија и новинар на настанот истакна дека жените во овој сектор, во пракса, се соочуваат со многу понеповолни услови за реализација на овој спорт, за разлика од мажите, кои што  претставуваат една доста лоша слика која демотивира.

Во старт грешиме кога ќе кажеме „женски“ и „машки“ фудбал. Не постои женски и машки фудбал, постојат 17 правила на фудбалска игра кои што ги играат жените и мажите, односно женска и машка категорија. Затоа што правилата се исти и за мажи, и за жени, и за деца, и за ветерани, истакна Рајчевска која дополни дека кога правилата на фудбалска игра се исти за сите, тогаш треба, подеднакво и условите за игра да бидат, исто така.

Александра Ристовска, фудбалерка и претседател на Женскиот фудбалски клуб Тиверија, на настанот истакна дека финансиската разлика придонесува сите девојчиња, по 18 години, да се определат кон работа и школување, да го запостават спортот, бидејќи, како што кажа, не гледаат некоја финансиска моќ која што би можела понатаму да ги издржува во живтот.

Ние многу се бориме за родовата еднаквост, често организираме настани со кои сакаме барем малку да ја доловиме свеста и менталитетот, најчесто во тие настани вклучуваме и девојчиња и машки и кај децата тоа не е проблем, кажа Ристовска.

Таа притоа посочи дека голем дел од родителите се против нивните деца да играат фудбал поради родовата стигма која што е застапена.

извор: МИА
Next Post

Шпанија ги отвора своите граници за вакцинираните патници

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk