ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шахпаска: За над 92 проценти од вработените недела ќе биде ден за неделен одмор, оние што ќе работат добиваат за 50 до 100 отсто повисоки дневници и слободен ден

June 8, 2021 17:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Недела – ден на неделен одмор станува реалност, обезбедивме ден за семејството, а оние што ќе работат добиваат за 50 до 100 отсто повисоки дневници и слободен ден оцени министерката Јагода Шахпаска по одлуката на Владата да го усвои Предлог-законот за работни односи и да го достави во собраниска процедура, а неговата имплементација ќе почне од 1 октомври оваа година.

Според анализите на Министерството за труд и социјална политика за над 92 проценти од вработените во државата недела ќе биде ден за неделен одмор.

Ова законско решение е изработено со учество на сите партнери во социјалниот дијалог, претставници на работниците преку синдикатите  и на работодавачите. Законот предвидува недела да биде ден на неделен одмор  за сите работници, освен за дел од работниците во дејностите каде работниот процес не може да биде прекинат.

„Овие работници за работа во недела ќе добиваат дневница повисока за најмалку 50 проценти од редовната дневница. Дополнително, ќе добијат и слободен ден што ќе го користат во наредните седум дена“, рече министерката Шахпаска.

Со измените на Законот за трговија за вработените во трговијата предвидена е двојна дневница и слободен ден, бидејќи не станува збор за дејност која не може да се прекине.

Имплементацијата на законот ќе биде контролирана од страна на Државниот инспекторат за труд, а оние кои нема да го почитуваат ќе се соочат со забрана за работа од 15 дена и  им се издава прекршочен платен налог. Доколку работодавачот го повтори истиот прекршок во рок од една година, забраната за работа ќе биде 30 дена.

„Во периодот на забрана за работа, работодавачот ќе има обврска на работниците да им исплаќа надоместок на плата во висина на платата исплатена претходниот месец и притоа, не смее да го намали бројот на вработените“, оцени Шахпаска.

​

Next Post

СДСМ: Нов дебакл на протестите на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните се против блокади

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk