ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев за „Еуроњуз Албанија“: Регионалната соработка е компатибилен процес со интеграциите на целиот регион во ЕУ и затоа заслужува поголем поттик

June 8, 2021 20:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во интервјуто за „Еуроњуз Албанија“, премерот Зоран Заев се осврна на  процесот на интеграциите на регионот во ЕУ истакнувајќи дека како политичар и како човек силно верува во регионалната соработка како компатибилен процес на интеграциите на целиот регион во ЕУ.

„Колку повеќе ја унапредиме регионалната соработка, толку повеќе Европа ќе нé почитува. Најмалку што треба да направиме е да се обединиме во делот на заедничкиот настап, ослободувањето на границите за слободен проток на луѓе, на стока, на трговија на капитал, на информации. Навистина имаме што да ѝ понудиме на Европа, но и да примиме од неа. Затоа со премиерот на Албанија, со претседателот на Србија ги разработуваме опциите за она што некои го нарекуваат „Мини Шенген“, а некои го нарекуваат зголемена регионална соработка. Ова е компатибилно со процесот на нашата интеграција во ЕУ, затоа што целиот регион економски зајакнува и така полесно ќе се интегрираме кон ЕУ“, истакнува премиерот Заев во интервјуто.

Тој истакна дека сите земји од регионот се дел од ЦЕФТА, и дека не само што треба да го унапредиме она што ни е заедничко постигнато, туку и да одиме чекор понапред и да ѝ покажеме на Европа дека и заедно со нејзината помош, ние можеме да направиме уште повеќе.

„Губиме години, децении и затоа јас зборувам дека е возможно низ дијалог да се најдат решенијата за многу прашања во регионот. Јас бев подготвен да заминам од политиката со решавањето на проблемот со името кој го имавме со Грција, но на крајот граѓаните коишто имаа сериозни емоции со причина и беа резервирани, критични, сепак гласаа за иднината. Победив на демократските избори што следуваа, затоа што сите сакаме на децата да им оставиме подобра иднина. Да, треба да го почитуваме минатото, но тоа треба да биде основа за сегашноста и за иднината. Ние како Северна Македонија ќе го поддржиме секое решение што ќе го договорат лидерите и коешто гарантира мир, европски перспективи, меѓусебно прифаќање, помагање, разбирање на сите заедници што живеат во едната или другата земја. Тоа е многу важно и ние ќе го поддржиме тоа што ќе го договорат, заради тоа што и тие го прават тоа заради својата европска иднина“, порача Премиерот Заев.

Околу заложбите за заедничкото управување на граничните и царински контроли и забрзувањето на протокот на патници и стока со соседните земји премиерот информираше: „Регионалната соработка може да му помогне на дијалогот воопшто. Откако отворивме „One stop shop“ со Србија, сега во Тирана ќе потпишеме договор за заедничка контрола на границите со Албанија, а следно е Косово. На крајот целта е да има „No stop, just go“. Сакаме да ја зголемиме меѓусебната доверба на институциите за безбедност, институциите за храна, да обезбедиме признавање на дипломите и слично. Тоа ќе им го олесни животот на граѓаните“, рече премиерот Заев во интервјуто за „Еуроњуз Албанија“.

Next Post

Љупчо Николовски избран за шеф на Централниот штаб на СДСМ за локалните избори

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk