ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Бислимоски: РКЕ почна постапка за одземање на лиценците на РКМ, Супер трејд, Пертинакс и ЛИЛ оил

June 9, 2021 15:09
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) почна постапка за одземање на лиценци на носителите на лиценца за трговија со нафтени деривати, а пред се на мазут на големо и тоа на РКМ ДООЕЛ Скопје, Супер трејд ДООЕЛ увоз извоз Скопје, Пертинакс ДООЕЛ Скопје и ЛИЛ Оил ДБ ДООЕЛ увоз – извоз Кавадарци поради непоседување оперативни резерви на мазут, информира претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

-Овие неусогласености се нотирани од страна на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и за тоа е известена РКЕ, рече Бислимоски на денешната прес-конференција по завршувањето на седницата на РКЕ.

Тој појасни дека согласно Правилникот за нивото и начинот на пресметка на оперативните резерви овие компании се обврзани да обезбедат петдневни резерви во текот на оваа година во зависност од потрошувачката што ја имале во 2020 година.  Компаниите во рок од седум дена ќе треба да дадат соодветно образложение во РКЕ која е причината за тоа што се случува.

-Кај Евротим ДПИ има донесено забрана за пуштање во промет на мазутот којшто се поседува во нивните резервоари и тоа е направено поради земање мостра од страна на ДПИ. Откако е издадена оваа забрана  Евротим е под целосен мониторинг на РКЕ и не смее да врши никакви тргувања на пазарот на големо за мазут. Во оној момент кога ќе ги добиеме податоците од страна на ДПИ за квалитетот на мострата што е земена од Евротим, РКЕ ќе продолжи со соодветни постапки согласно своите надлежности што ги има утврдено  во Законот за енергетика, прецизира Бислимоски.

Најави дека до крајот на оваа недела РКЕ ќе го извести ДПИ колку треба да изнесуваат оперативните резерви за секој нафтен дериват посебно и врз основа на тоа, како што кажа, ДПИ ќе започне со контрола кај сите трговци со нафта и нафтени деривати.

-По извршувањето на проверките од страна на ДПИ, кој единствено има надлежност за тоа и по добивањето на резултатите, доколку има одредени недоследности РКЕ ќе отпочне постапки за одземање на лиценца за трговија на големо со соодветен нафтен дериват за овие компании, истакна претседателот на РКЕ.

Во одговор на прашање Бислимоски посочи дека РКЕ нема надлежност за компаниите кои немаат лиценци за вршење енергетска дејност, сепак посочи дека токму Регулаторното тело било првата институција која ги запознала останатите институции во државата  дека Евротим и РКМ купувале мазут од страна на Блу енерџи или Блу технолоџи која немала соодветна лиценца.

-За тоа ДПИ е известен во 2018 година за РКМ и за Евротим во 2020 година. За нив веќе се донесени одлуки за одземање на интегрираните еколошки дозволи. Овие компании никогаш не извадиле лиценци за вршење на соодветна енергетска дејност во РКЕ, рече Бислимоски и додаде дека РКЕ нема никаква надлежност и за проверка на квалитетот на горивата, туку за тоа е задолжен ДПИ.

Појасни дека откако ќе земе ДПИ мостра преку соодветно акредитирано тело се прави проверка во акредитирана лабораторија во земјава, а потоа компанијата од која што е земена мострата има право мострата да ја однесе во друга лабораторија со цел да се провери. Доколку резултатите потврдат лош квалитет тогаш ДПИ констатира дека мазутот или кој било нафтен дериват не е со соодветен квалитет и за тоа ги известува РКЕ и Државниот инспекторат за заштита на животната средина. Доколку едниот тест покаже негативни резултати, а другиот тест позитивни тогаш ДПИ е должен да изврши и трета суперанализа.

Бислимоски ги повика сите компании носители на лиценци за трговија со бензин, дизел, екстралесно гориво и ТНГ да започнат да си ги обезбедуваат оперативните резерви како што е пропишано со Правилникот којшто е донесен на 26 април 2021 година.

-Доколку ДПИ при контрола увиди дека ги немаат соодветните оперативни резерви и за нив ќе започнеме постапка за одземање на лиценцата, рече тој.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk