ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Министерот Османи на видео средба со високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Абдракхманов

June 9, 2021 17:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска оствари видео средба со Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Каират Абдракхманов, на која беа разменети мислења во врска со активностите на ОБСЕ, актуелните предизвици и идната соработка.

Османи на средбата истакна дека високо ја цени соработката со Канцеларијата на ВКНМ на ОБСЕ, притоа ја реафирмира подготвеноста на Владата и натаму да продолжи уште поинтензивно со оваа соработка, а особено, како што посочи, за време на нивното идно претседавање со Организацијата за безбедност и соработка во 2023 година.

Исто така, како што соопштија од МНР, на средбата беа разменети мислења во врска со активностите на ОБСЕ, актуелните предизвици со кои се соочува Организацијата во областа која ја покрива Високиот комесар, како и за модалитетите за поефикасно справување со овие предизвици.

Османи се заблагодарил на поддршката што Канцеларијата на ВКНМ ја дава на нашите институции во насока на континуирана поддршка за поголема инклузивност и подобрување на севкупниот статус на припадниците на турската, ромската, српската, влашката, бошњачката, како и другите помалите заедници во државата.

–Разменивме мислења за соработката и поддршката во подготовката и спроведување на владините политики со кои се обезбедуваат сеопфатни инструменти за градење на современа и предвидлива иднина, која ги  промовира основните вредности на различноста, вклученоста, почитувањето на човековите права, еднакви можности за жените и мажите, владеење на право, демократија и културата на мирот и дијалогот, потенцираше Османи.

извор: МИА
Next Post

Попладневен преглед: Нема простор за злоупотреби на правото недела ден на неделен одмор, дијалог и партнерство за задоволни работници, работодавачи и просперитетна држава

Најново

СДСМ бара вонредна седница во Карпош: Лукровски се повлекува поради бизнис-интереси на Мицкоски?

May 12, 2026
Фото: Нетфликс

Мет Дејмон и Бен Афлек тужени од полицајци поради хит-филмот на Нетфликс

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026

Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

May 12, 2026

Технолошките гиганти се договорија: OpenAI и Microsoft поставија лимит од 38 милијарди долари за споделување приходи

May 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk