ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Секогаш низ дијалог да ги изнаоѓаме решенијата, порача Заев

June 9, 2021 15:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пораката на финансиска стабилност и ликвидност на државата е порака – сметајте на својата Влада, на својата држава. Тука сме да помогнеме и видовме дека кога помагаме веднаш се се враќа во буџетот. Испраќам и порака на соработка со Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), со сите компании во нашата земја и секогаш низ дијалог да ги изнаоѓаме решенијата. Ова денеска го порача  премиерот Зоран Заев во рамки на свеченото Собрание на ОРМ.

Премиерор Заев потсети дека поминавме една многу тешка година за целиот свет и за нашите граѓаните и нашето стопанство и додаде оти сега можеме да кажеме дека сме една од позитивните земји која знаела да интервенира, да помогне се со конечна цел – да опостојат бизнисите, а работниците да ги зачуваат своите работни места и да добијат плата.

Заев потенцира дека стабилни плати, раст на работни места и намалување на невработеноста во државата е возможно само преку приватниот сектор.  Ако растат компаниите и се поконкурентни и продуктивни тогаш бенефитот веднаш доаѓа за работниците и за државата. Според него, важни работи кои треба да ги направиме се престројувањето и следењето на зелената агенда.

Во фокусот, како што рече, е и борбата против сивата економија затоа што ја уништува лојалната конкуренција на пазарот. Се осврна на енергетската ефикасност, на заштедата на енергија, дигитализација и порача дека ние како држава треба да го зголемиме производството, да го зголемиме извозот и да ја зголемиме севкупната конкурентност. Потсети на алатките што ги разви државата за помагање на домашните компании, на условите и придобивките од инвестирање во земјава и на даночните ослободувања.

Најави дека во следниот период покрај привлекувањето странски инвестиции, но доминантна посветеност ќе има на домашните производствени капацитети и на домашните субјекти.

-Да, драгоцени ни се странските инвестиции, но тие на крајот профитот го носат во своите матични земји, а домашните компании даваат мултиплицирачки ефект и затоа посебно фокус даваме на домашните потенцијали. Ние сме мал пазар и единствен наш излез за раст на економијата е преку зголемување на извозот од државата, рече Заев.  Додаде дека таргети ни се преработувачката индустрија, трудоинтензивната индустрија, земјоделството… Нагласи дека имаме одличен мегдан каде можеме да вложиме.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска потсети на спроведените реформи во својот ресор, на социјалниот дијалог и порача дека законите се проритет за сите нас и законите ќе ги почитуваме. Таа изрази задоволство и се осврна на законското решение дека од 1 октомври недела станува ден на неделен одмор.

извор: МИА

Next Post

Царовска: Сите имаме иста желба, учениците на 1 септември да ги видиме во училиште

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk