ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски на Министерската конференција на Брдо процесот

June 9, 2021 19:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
На покана на министерот за внатрешни работи на Република Словенија Алеш Хојс, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со државната секретарка Магдалена Несторовска, денеска и утре учествуваат на министерската конференција на Брдо процесот во Порторож, Словенија.

Во рамки на 10.неформален состанок  на министри за внатрешни работи на Брдо процесот, Спасовски денеска имал билатерална средба со министерот за внатрешни работи на Република Хрватска Давор Божиновиќ, соопшти МВР.
На средбата со Божиновиќ меѓу другото  разговаравме и за потребата од склучување протоколи за спроведување на Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Хрватска за полициска соработка, кои ќе овозможат подобра оперативна соработка меѓу двете министерства, а која ќе се однесува на формирање заеднички истражни тимови, контролирани испораки и други форми кои се предмет на соработка – сè со цел успешно справување во борбата против сите видови транснационален криминал, рече министерот Спасовски.
Од Министерството потенцираат дека на билатералната средба со министерот за  внатрешни работи на Република  Косово Џелал Свечла, исто така се разговараше за интензивирање на соработката меѓу полициите на Република Северна Македонија и Република Косово.
– Разговаравме за потпишување на Протокол за поддршка и соработка во областа на заедничките обуки меѓу двете министерства и беше искажана подготвеност од двете страни за усогласување на текстовите на предложените  договори и  протоколи за соработка, нивно потпишување и брза имплементација, рече Спасовски.

Министерот Спасовски го поканил својот косовски колега Свечла на 25 јуни во Охрид да присуствува на усвојувањето на Патоказот за борба против корупција и нелегални финасии.
Спасовски денеска оствари средба и со министерот за внатрешни работи на Република Словенија,Алеш Хојс, на кого му упатил благодарност за континуираната соработка и поддршка на сите нивоа во рамки на нашите две министерства, но и на ниво на држави, посебно во делот на поддршката од полициски служеници од МВР на Словенија кои изминатиов период во ротации заедно со нашите полициски службеници  патролираат на јужната граница со цел спречување на илегалната миграција.
Од МВР посочуваат дека министрите се согласија дека е воспоставена одлична соработка,а за наредниот период договорија потпишување на два меморандуми за заеднички обуки и борба против трговија со луѓе.
Државната секретарка Несторовска пак, имаше средба со Националниот координатор за трговија со луѓе на Словенија Тина Принцес Дамјановиќ на која беа разменети искуства и договорена поинтензивна соработка во борбата против трговијата со луѓе.
извор: МИА
Next Post

Завршни подготовки на македонските фудбалери пред дебитанскиот настап на ЕУРО2020

Shortcut

Најново

Анаис. Илустрација Фронтлајн

Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

May 31, 2026
Илустрација Фронтлајн

Експериментален лек го удвојува преживувањето кај пациентите со рак на панкреасот

May 31, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај: Очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари

May 31, 2026

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

May 31, 2026

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет

May 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk