Договорот од Преспа го смени лицето на Балканот, како динамичен регион кој низ историјата знаел да гради и ѕидови помеѓу народите, напиша премиерот на својот фејсбук-профил.
Американската поддршка на португалското претседателство и напорите за отпочнување на пристапниот процес ја нагласил Дерек Шоле, советникот на Стејт департментот и посебен советник на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, со надлежност во однос на важни прашања од надворешната политика, попладнево во телефонски разговор со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров
Eвропскиот парламент денеска го поддржа воведувањето на дигитален ковид-сертификат на ЕУ за да се олесни патувањето внатре во унијата, но и да помогне за закрепнување на економијата. Сертификатите ќе се применуваат од 1 јули 2021 година и ќе важат 12 месеци, се вели во соопштението на ЕП.
За разлика од постојните обврзници, зелените обврзвници ќе бидат обврзници што ќе се користат само за инвестициски проекти или за зелен развој, во смисла на кои ќе бидат за капитални расходи од една страна, но меѓутоа од друга страна новината на овие инструменти е што ќе можат и граѓаните да купуваат во соработка со банките, но ќе бидат директно достапни на граѓаните.
На покана на министерот за внатрешни работи на Република Словенија Алеш Хојс, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со државната секретарка Магдалена Несторовска, денеска и утре учествуваат на министерската конференција на Брдо процесот во Порторож, Словенија.
Борбата против криминалот и корупцијата навистина ги уништува демократските општества и затоа кога САД, најсовршената демократија пример за сите, ја испраќа оваа чиста порака за нас е сериозна порака на охрабрување